Манастирот Олимје се наоѓа во Олимје, Општина Подчетртек во Словенија.[1]. Оваа палата денеска е христијански манастир[2]. Објектот бил изграден некаде во 1000 година од страна на семејство фон Пелештајн. Во околу 1550 година, дворецот бил обновен во стил на ренесансата, додавајќи му дефанзивен канал поради почестите напади од страна на Османлиите.

Манастир Олимје
Grad Olimje
Карта
Општи податоци
ГрадОлимје, Општина Подчетртек
ЗемјаСловенија

Изградбата во 1658 година била купена од страна на барон Иван Закмарди од Загреб, кој објектот го претворил во манастир, а во 1663 го подарил на црковниот ред Павлини. Помеѓу 1665 и 1675 година, тие ја завршиле барокната црква, чиј олтар на Успение на Пресвета Богородица се смета за еден од најдобрите барокни олтари во Словенија. Во 1740 година, Иван Рангер го насликал параклисот.

Манастирот содржи фреска која е посветена на Парацелзус. Манастирот бил купен од страна на грофовите на семејство Атемс во 1805, но поради високите даноци, новите сопственици сепак не можеле да си дозволат одржување на целокупната структура на објектот.

По Втората светска војна, објектот бил национализиран. Во 1974 година, од земјторес објектот бил разрушен и набргу потоа бил темелно реновиран. На 15 август 1999 година, по 217 години објектот повторно бил претворен во манастир. Денеска, објектот е еедна од најголемите туристички атракции во Словенија.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Google Maps“. Google Maps. Посетено на 21 October 2017.
  2. „Olimje Castle“. Barclaycardtravel.com. 11 December 2016. Архивирано од изворникот на 2017-03-24. Посетено на 21 October 2017.

Надворешни врски

уреди