Мало белогушесто грмушарче

Мало белогушесто грмушарче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Грмушари
Род: Sylvia
Вид: Мало белогушесто грмушарче
Научен назив
Sylvia curruca
(Linnaeus, 1758)

Малото белогушесто грмушарче (научSylvia curruca) е вообичаена и широко распространета мала врапчевидна птица, која се размножува низ умерена Европа, освен на југозапад, и во Јужна и Средна Азија. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница која зимува во Африка јужно од Сахара, во Арабија и Индија.

Таксономија и систематизација

уреди
 
Мало белогушесто грмушарче, Индија
 
Мало белогушесто грмушарче во гнездо

Видот за првпат е опишан од Карл Лине, 1758 во неговата Systema Naturae. Само два подвида се издвојуваат од оваа птица и тие се мешаат и интегрираат во Средна Европа:

  • Sylvia curruca curruca – во западниот дел од опсегот;
  • Sylvia curruca blythi – во источниот дел од опсегот, врвот на главата е посветол и издвоен од лицето со бела линија над окото.

Уште два таксона има во зоната на интеграција, распространети од северниот дел на Касписко Море до Монголија.[2] Филогенијата на овие два таксона не е доволно проучена и тие можеби ќе се префрлат во некој друг вид или ќе се сметаат само за хибриди:

  • Sylvia curruca/minula halimodendri
  • Sylvia curruca/minula telengitica
 
Curruca curruca

Опис

уреди

Кај малото белогушесто грмушарче половите не се разликуваат. Ова е мала птица, долга 11.5-13.5 см и тешка 12-16 грама. Горната страна од телото ѝ е кафеавосива, а долната белкава. Главата е темносива, со потемносиво преку очите, а грлото е бело. Малку е помала од обичното грмушарче и ја нема костенливата нијанса на крилјата.

Поведение

уреди

Живеалиштето на малото белогушесто грмушарче се отворените предели со грмушки, рабовите од шумите или ретките шуми со густи грмушки.

Се храни со инсекти, но и со бобинки и меко овошје.

Првите денови по пристигнувањето од преселбата, мажјаците почнуваат да пеат и градат неколку недовршени гнезда. Кога ќе се формира парот, едно од гнездата го завршуваат заедно. Тоа се наоѓа ниско во грмушките на 0.2-1.5 метри, а понекогаш, но поретко, и на висина 6-8 метри. Несат 3-7, најчесто 5 јајца, белкави со сивокафеави дамки. Пилињата го напуштаат гнездото на возраст од 11 до 13 дена, но уште не можат да летаат. Возрасните ги хранат до возраст од 3-4 недели.

Пеењето на малото белогушесто грмушарче е брза, растреперена секвенца од тит или чи повици.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Sylvia curruca. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998): The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1

Надворешни врски

уреди