Мала црноглава сипка
Мала црноглава сипка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Paridae |
Род: | Poecile |
Вид: | Мала црноглава сипка |
Научен назив | |
Poecile palustris (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Parus palustris |
Малата црноглава сипка (науч. Poecile palustris) е врапчевидна птица од семејството на сипките, блиска до планинската сипка. Ја има во Македонија.
Систематизација
уредиНекои од научниците сметаат дека има 8[1], други, како на пример во Прирачникот на птиците во светот[2], сметаат дека има 11 подвида од овој вид:
- P. p. dresseri, распространета во централна и јужна Англија, Велс и западна Франција;[3] малку е помала од palustris и покафеава или маслинова одозгора, а поизвалкана одоздола. Може да се помеша со планинската сипка;
- P. p. palustris, северна и Средна Европа, од јужна Скандинавија, до Апенинскиот Полуостров, до источна Полска, Балканот и Грција;
- P. p. italicus, Француски Алпи, Италија и Сицилија; слична е на dresseri, но поизбраздена одозгора, а посветла одоздола;[4]
- P. p. stagnatilis, источна Европа, Источен и Јужен Урал и северозападна Турција;
- P. p. kabardensis, Кавказ и североисточна Турција;
- P. p. brevirostris, централен и југоисточен Сибир, северна Монголија, североисточна Кина и северна Кореја
- P. p. jeholicus, североисточна Кина;
- P. p. hellMayri, источна Кина и јужна Кореја;
- P. p. ernsti, Јапонија;
- P. p. hensoni, Јапонија.
Распространетост и живеалиште
уредиМалата црноглава сипка е распространета на околу 10 милиони квадратни километри, а светската популација е меѓу 6.1 милиони 12 милиони птици, само во Европа. Видот е класифициран во „најмалку загрозен“, иако има докази за намалување на популацијата.[5]
Распростанета е како постојан жител во умерена Европа и северна Азија. Ја има од северна Шпанија, југoисточна Шкотска, на исток кон западна Русија, источна Азија, северна и западна Кина до Јапонија.
Овие сипки се резидентни, не се преселници, но прават куси преселувања по сезоната на парење. Овие птици остануваат на својата територија за размножување преку целата година, најверојатно заради стратегијата што ја имаат за собирање храна.[6]
Малата црноглава сипка претежно се размножува и живее во низинските области, но може да достигне надморски височини до 1.300 метри. Претпочитаат големи области со влажна, широколисна шума, со дабови или буки, но исто така, живеат и во парковите, градините или овоштарниците.[7]
Опис
уредиМалата црноглава сипка има црна капа и тил со синкав сјај кога ќе се погледне одблизу. Црното „лигавче“ под клунот е мало. Горните делови, опашката и крилјата се сивокафеави, со посветли рабови на долниот дел од грбот. На upperparts, опашка и крилја се сивкасто-кафена, со малку побледи работ на tertials. Долните делови се белкави со светло окер или кафеава нијанса најсилна под крилјата и под опашката. Клунот е црн, а нозете темносива боја. Младенчињата се многу слични со возрасните, но со позамачкана црна капа и лигавче, посивкаст горни делови и побледи долни. Се здобиваат со перје на возрасни до септември.[4]
Овие сипки се тешки 12 грама, долги од 11.5 до 12 см (од клунот до опашката) и имаат распон на крилјата од 19 см. Најстара забележана мала црноглава сипка во Европа е на возраст од 11 години и 11 месеци.[8]
Поведение
уредиВо зима, во јатата на сипките, ретко има повеќе од една или две мали црноглави сипки, а и сами ретко се среќаваат. Во грмушките и на гранките се однесува слично како другите сипки, и често виси наопаку со една нога.
Има голем број одласувачки звуци, а најзастапенo е експлозивното пичуу, а кога е вознемирен тоа се продолжува во пичуу-би-би-би-би.[4] За разлика од другите сипки, малата црноглава сипка има добро дефинирана песна како и широк репертоар. Поедини птици може да имаат повеќе од пет песни кои ги користат наизменично. Заедничките звуци што ги испуштаат се мили тонови како шип-шип-шип-шип-шип или потечно ту-ту-ту-ту-ту, а понекогаш слатко туи-туи-туи-туи-туи.
Исхрана
уредиНапролет и налето овие сипки се хранат претежно со пајаци и инсекти, но и со семиња, вклучувајќи ги и оние од трњето, разните ореви, лешници, бобинки и сл. кои ги собираат наесен и во зима. Овие птици собираат и чуваат голем број семиња. При едно набљудување во Норвешка, тие изеле 43 и зачувале 83 семиња за еден час. Скришните места за чување семиња се на и во земјата, во под куп лисја на земјата, во трупци, под мов и под лишаите во дрвјата. Скриените семиња можат да бидат украдени од други сипки или други видови, па птиците често летаат од едно место на друго, пред да одлучат кое ќе биде местото за криење. Имаат тенденција да ги изберат старите скришни места, наместо да пронаоѓаат нови.[4]
Размножување
уредиМалата црноглава сипка е моногамна, често и за цел живот. Еден пар останал заедно 6 години. Гнездат обично во дупки од дрвја, но понекогаш во ѕидови или на земја. Користат направени куќички за птици.[6] Може да искористат старо гнездо од планинска сипка и да го прошират, бидејќи самите не прават свои дупки. Дупката може да биде ниско на 1-2сантиметри од земја или, пак, високо на 10 метри. Во дупката постилаат меки тревки и пердувчиња.[4]
Несат 5-9 бели, со црвени дамки, јајца, доцна во април или мај. Ги квачи само женката 14-16 дена. Почнува со квачењето откако ќе го снесе првото јајце, па затоа и испилувањето не е едновремено. Обично седи во близина на гнездото и испушта хсссс звук, ако некој ја вознемирува. Мажјакот помага со хранењето и грижата за пилињата, а ја носи речиси целата храна првите четири дена по испилувањето. Пилињата се здобиваат со перје по 18-21 ден.[8] Тогаш родителите ги хранат уште 7 дена, па целосно се осамостојуваат. Семејството останува заедно 11-15 дена по првиот лет на младенчињата.[4]
Наводи
уреди- ↑ Clements, James F (2007). март 2%20December%202008.xls/view The Clements Checklist of Birds of the World Проверете ја вредноста
|url=
(help). Cornell University Press. ISBN 978-0-8014-4501-9. Retrieved 25 January 2009 - ↑ „Marsh Tit (Poecile palustris)“. Internet Bird Collection. I. Архивирано од изворникот на 2012-02-02. Посетено на 24 January 2009.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-03-06. Посетено на 2013-06-08.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 BWPi: The Birds of the Western Palearctic on interactive DVD-ROM. London: BirdGuides Ltd. and Oxford University Press. 2004. ISBN 1-898110-39-5.
- ↑ „Species factsheet: Parus palustris“. BirdLife International. Посетено на 18 January 2009.
- ↑ 6,0 6,1 Wernham, C. V; Toms, M.P., Marchant, J.H., Clark, J.A., Siriwardena, G.M. & Baillie, S.R. (eds) (2002). The Migration Atlas: movements of the birds of Britain and Ireland. London: T. & A.D. Poyser. стр. 592–593. ISBN 0-7136-6514-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Broughton, R. K; Hinsley, S. A., Bellamy, P. E., Hill, R. A. & Rothery, P. (2006). „Marsh Tit Poecile palustris territories in a British broad-leaved wood“. Ibis. 148 (4): 744–752. doi:10.1111/j.1474-919X.2006.00583.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска] Retrieved 25 January 2009
- ↑ 8,0 8,1 R. A. Robinson. „Marsh Tit“. BirdFacts. British Trust for Ornithology. Посетено на 18 January 2009.
- „Parus palustris“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 May 2006.
„Мала црноглава сипка“ на Ризницата ? |
„Poecile palustris“ на Викивидовите ? |
Надворешни врски
уреди- Пол и возраст (PDF; 2.0 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.