Македонски народно-ослободителни песни
„Македонски народно-ослободителни песни“ — збирка поезија составена од народни песни во време на народната ослободителна борба, авторот на делото е Коста Рацин. Стихозбирката е последното литературно дело на македонскиот поет Кочо Рацин, истиот ден по печатувањето бил стрелан.[1][2] Делото е најпознато како првото печатно издание којшто ја прикажува денешната химна на Република Македонија.[3]
Слика на првата партизанска штампарница „Гоце Делчев“ кадешто била издадена збирката | |
Автор | Кочо Рацин |
---|---|
Земја | Лопушник, Ослободена територија во Македонија |
Јазик | македонски јазик |
Жанрови | Поезија, Фолклор |
Објавена | 13 јуни, 1943 |
Издавач | Партизанска печатница „Гоце Делчев“ |
Медиум | печатно издание |
Страници | 10 |
Претходна | Бели мугри |
Два дела на книгата испаднале, првиот дел испаднало во истиот ден кога Кочо Рацин починал, додека вториот дело испаднало посмртно во август 1943 година од истата штампарница но во Битуше наместо Лопушник.[4][5] Првото Делото било скромно испечатено во првата партизанска штампарница „Гоце Делчев“ со околу стотина тиражи. Делото било познато помеѓу партизаните[1] и во македонскиот литературен кружок во Софија.[6]
Историјат
уредиСпоред сведоци на пристигнувањето на Кочо Рацин во Лопушник во мај 1943 година како дел од одредот „Кораб“, Рацин веќе ги имал песните собрано пред време. Кога влегол во базата носел листови со неговиот ракопис за некој од песните планирани.[7] Според сеќавањата на Митре Инадески, имал повеќе песни собрано и планирано за повеќе дела. Додека другите партизани работеле за печатувањето на збирката со примитивни услови, Рацин истовремено го преведувал Сталиновиот говор за мај 1943 година.[7]
Состав
уредиКоста Рацин истовремено го уредувал и партизанскиот весник „Илинденски пат“. Кога работел во штампарницата планирал за објавувањето на два дела, но само успеал да објави едно.[8] Квалитетот на стихозбирката била добра со споредба на условите на печатување. Содржила само 10 страници и насловна корица, реток примерок на стихозбирката е сместена во Институтот на национална историја во Скопје.[9]
Првиот дел е составено од дваесет песни,[10] додека вториот е составен од единаесет песни. Тие се според редослед:
Први дел
уреди- Изгреј зора на слободата[11] од Александар Морфов
- Партизанска химна на I оперативна зона[12] од Илија Топаловски
- Партизанска[12] од Илија Топаловски
- Времето е дошло[12]
- Слобода е мила[12]
- Македонијо![12]
- Другарката[12]
- Огинот[12] од Венко Марковски
- А бре, Македонче[13]
- Младинци и младинки[13] од Владо Малески
- Во Македонија[13]
- Ура, во борба![13]
- Пушка ми пукна[13]
- Младински марш[13]
- Зората веќе изгрева[13]
- Денес над Македонија[14] од Владо Малески
- Ајдете, браќа[13]
- Луња[13] од Венко Марковски
- О Македонијо[13]
- Миле Поп Јорданов[13]
Втори дел
уреди- Песна на македонските партизани[15] од Владо Малески
- Песна за Мирче Ацев и Страшо Пинџур[15] од Владо Малески
- Песна за Цветан Димов[15] од Владо Малески
- Делчев војвода[15]
- Смилево славно в' оган гори.[16]
- Млада партизанка[15]
- Темен се облак зададе[15]
- Коло комита[15]
- Леле Јано[15]
- Ајде, браќа, станвајте![15]
- От битолските зандани[15]
Македонски гледишта
уредиПоследното дело на Кочо Рацин не е познато во исто ниво како Бели Мугри, но уште е почитувано од страна на македонски историчари и фолклористи. Збирката е првата книга произведена од партизанска печатница и првата збирка произведена во Македонија за време на НОБ. Збирката е исто така позната како првата стихозбирка во современ македонски јазик.
Според Владо Малески, којшто стихозбирката користи многумина од неговите песни:
"Тоа беше првиот обид да се соберат во една печатна збирка оние песни со кои умираа нашите борци, песни во кој се повикуваше нашето село, нашиот град на решителна борба за народната слобода"
После ослободувањето на Македонија и создавањето на нова независна република во рамките на Југославија, многумина од делата на Кочо Рацин, Коле Неделковски и Крсте Петков Мисирков биле објавени со втори издании, ист случај било и со збирката на народно ослободителните збирки, но двете збирки биле групирани во едно и главниот уредувач бил Блаже Конески. Конески ги отстранил непознатите и оспорените песни, како Изгреј зора на слободата и го објавил со новиот наслов „Од Борбата“ во 1947 година.[18]
Во 1974 година,[19] Блаже Ристовски објавил книга кадешто ги прикажува сите песни од двете книги, вклучувајќи и Изгреј зора на слободата и другите непознати песни, но со разлика на Блаже Конески, Ристовски ги анализирал какви правописни правила користел Рацин, и каква азбука користел. Во книгата исто така прикажува како песната би било пеано, по кој тон и кој ноти. Секоја песна исто така добива кратко објаснување на сите информации којшто Ристовски можел да најде.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Конески, Блаже (1947). Од Борбата (PDF). Државно книгоиздателство во Македонија. стр. 5.
- ↑ Литовски, Александар (13 јуни 2018). „На денешен ден загинал Коста Солев Рацин“. АПЛА.мк.
- ↑ „НА 31 ДЕКЕМВРИ 1941 ГОДИНА, ВО СТРУГА, ЗА ПРВ ПАТ ИСПЕАНА "ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА – ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА ХИМНА“. Нова12. декември 2022. Архивирано од изворникот на 2024-08-13. Посетено на 2024-08-13.
- ↑ Каровски, Лазо (1978). Македонската народна песна за народноослободителната борба. Современост. стр. 64.
- ↑ Друговац, Миодраг (1990). Историја на македонската книжевност, XX век. Мисла. стр. 240. ISBN 8615002037.
- ↑ „Кочо Рацин“ (2009) Македонската енциклопедија
- ↑ 7,0 7,1 Коробар, Перо (1987). Сеќавања на современиците. Наша Книга. стр. 97–99.
- ↑ Смилевски, Веле (1989). Македонска поезија XX век, поезијата меѓу двата Илиндена. Македонска Книга. стр. 47. ISBN 9788636900352.
- ↑ Тодоровски, Томислав (1987). Makedonskata literaturna nauka za Racin, Том 2. Наша книга. стр. 159.
- ↑ Погачник, Јоже (1968). Makedonščina. Državna založba Slovenije. стр. 168.
- ↑ Т., Ж. (2 август 2024). „За химната „Изгреј зора на слободата" испеана на АСНОМ, за илинденците и за револуцијата што ги јаде своите деца“. Рацин.мк.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 Гласник на Институтот за национална историја, Том 12 (1968) од Институт за национална историја (Skopje, Macedonia), стр.259
- ↑ 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 Makedonija, ilustrirano spisanie na Maticata na iselenicite od Makedonija, Изданија 285 - 296 (1977) од Matica na iselenicite od Makedonija, стр. 26
- ↑ Ристовски Блаже (1987). Makedonskiot folklor i nacionalnata svest: istražuvanja i zapisi. Студенски збор. стр. 358.
- ↑ 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 Македонски фолклор, Година VII, Број 14: Списание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје (2024) стр. 272-273
- ↑ Китевски, Марко (2002). Фолклорот - огледало на народниот живот. Менора. стр. 52. ISBN 9989932328.
- ↑ Povoenata makedonska literatura, Том 1 (1979) од Миодраг Друговац, издавач: Просветно дело, стр.10
- ↑ Вишински, Борис (1966). Dvaeset godini obrazovanie, kultura i nauka vo SR Makedonija.
- ↑ Апостолски, Михајло (1980). Skopje vo NOV 1943-1945: materijali od naučniot sobir. Gradski odbor na SZB od NOV--Skopje. стр. 520.