Партизанска печатница „Гоце Делчев“
41°37′03.2″N 20°35′22.6″E / 41.617556° СГШ; 20.589611° ИГД Партизанската печатница „Гоце Делчев“ — поранешна нелегална партизанска печатница и сегашен меморијален музеј со амбиентално уредена постојана изложба.
Историја
уредиВо перидот од ноември 1942 до јуни 1943 година работела во селото Битуше. Во почетокот на јуни 1943 година била пренесена во базата на планината Лопушник.[1]
По ослободувањето на Вардарска Македонија биле извршени конзерваторско-реставраторски работи на куќата во која била сместена, а нејзиниот внатрешен дел бил преуреден како постојана историска и етнолошка поставка во 1961 година. Оригиналната дрвена печатница по ослободувањето од Светозар Вукмановиќ – Темпо била однесена во Воениот музеј во Белград, каде што се наоѓа и денес.
Дејност
уредиВо неа биле печатени разни материјали, брошури, билтени, извештаи и слично, за потребите на Централниот комитет на КПМ, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и воопшто за Македонското народноослободително движење.
Изданија
уреди- „Македонски народно-ослободителни песни“, Том I, јуни 1943 година
- „Прогласот до македонскиот народ“, август 1943 година[2]
- „Македонски народно-ослободителни песни“, Том II, август 1943 година[3]
- Првите броеви на „Нова Македонија“, „Македонка“ и „Млад Борец“[4]
- „Илинденски Пат“
Поврзано
уредиИзвори
уреди- ↑ Митре Инадески, Илегалните техники во Македонија во времето на НОВ, Скопје, 1961
- ↑ Порта.мк (8 февруари 2019). „Древна фотографија од „печатница" користена во Лопушник Кичевско 1943 година“. Порта.мк.
- ↑ Посмртно издадено во чест на Кочо Рацин
- ↑ Антропол (6 ноември 2023). „На денешен ден проработува првата партизанска печатница „Гоце Делчев" во Македонија“. Антропол.