Македонски берзански индекс

Македонски берзански индекс (МБИ10) претставува агрегатен показател на движењето на дените на акциите кои котираат на Македонската берза АД Скопје.

Критериуми за пресметка на индексот

уреди

На 29 јули 2013 година, Одборот на директори на Македонската берза донел нова методологија за пресметка на МБИ10. Причината за тоа било воведувањето на задолжителната котација на акционерските друштва на берзата, што предизвикало зголемување на бројот на котираните фирми на официјалниот пазар на берзата. Тоа пак предизвикало зголемена хетерогеност на котираните акции, т.е. големи разлики помеѓу големината на пазарната капитализација на фирмите кои котираат, како и во процентот на пазарната капитализација кој е расположлив во јавноста (free float).[1]

Оттука, со новата пресметка на берзанскиот индекс биле воведени следниве промени:

  • воведување на пазарната капитализација која се наоѓа во слободното флуктуирање (free float) при пресметката на индексот,
  • намалување на критериумите за избор на акциите за вклучување во индексот, и тоа, од пет на три критериуми (пазарната капитализација во слободно флуктуирање, просечнито дневен промет и бројот на денови на тргување),
  • намалување на максималното влијание на секој поединечен елемент на индексот до 25% на 20%.

Исто така, Одборот на директори на берзата донел одлука, започнувајќи од 16 септември 2013 година, да престане пресметувањето на индексот за јавнопоседувани друштва (МБИД). Имено, со постапката за задолжителна котација, на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување останале само 18 трговски друштва со исклучително ниска ликвидност, со што ичезнала потребата од следење на цената на овој сегмент на Македонската берза по пат на посебен пазарен индекс.[1]

Структура на МБИ10

уреди

Согласно новата методологија, на 2 септември 2013 година, Комисијата за берзански индекс извршила вонредна ревизија на структурата на МБИ10, определеувајќи ги следниве негови елементи:[1]

Според овој состав, МБИ10 започнал да се пресметува на 16 септември 2013 година.

Движење на МБИ10

уреди

На крајот од август 2013 година, МБИ10 изнесувал 1633,33, додека МБИД изнесувал 2 288,45.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 "Измени кај индексите кои ги пресметува берзата", Економија и бизнис, година 16, број 183, септември 2013, стр. 97.