Македонска транскрипција на белорускиот јазик
Ова се правила за транскрипција (предавање) на белорускиот јазик во македонски со дадени примери за нивна примена.
Белоруски јазик Беларуская мова |
---|
Карактеристични букви
уредиі и ы
уредиБуквите і и ы се предаваат со и: Крапіва — Крапива, Русецкі — Русецки, Бачыла — Бачила, Гартны — Гартни.
э и е
уредиБуквите э и е се предаваат со е: Астрэйка — Астрејка, Кірэенка — Киреенка, Агняцвет — Агњацвет, Бялевіч — Бјалевич.
ё
уредиБуквата ё има функција како и во руски: Васілёнак — Васиљонак, Макаёнак — Макајонак.
ў
уредиБуквата ў (кратко у) се предава во имињата обично со в: Бабаеўскі — Бабаевски, Бубёнаў — Бубјонав, Паўленка — Павленка.
дз
уредиБуквата дз се предава со ѕ: Фадзееў — Фаѕеев.
Апсостроф
уредиАпострофот во белорускиот и украинскиот јазик се користи меѓу согласки и после јотирана самогласка (е, ё, ю, я; Uk. є, ї, ю, я) за да се означи дека нема палатизација на претходната согласка и самогласката се изговара исто како што би се изговорила на почетокот на зборот.[1][2]
Едначење и замена
уреди- Не се врши едначење во случаите: Глебка — Глебка, Хадкевіч — Хадкевич и др.
- Не се заменува а со о во случаите: Багдановіч — Багданович (не: Богданович), Янка Купала — Јанка (не: Јанко) Купала и др.
Преглед
уредибелоруски букви | македонски еквиваленти |
---|---|
А а | а |
Б б | б |
В в | в |
Г г | г |
Д д | д |
Е е | е |
Ё ё | јо |
Ж ж | ж |
З з | з |
І і | и |
Й й | ј |
К к | к |
Л л | л |
М м | м |
Н н | н |
О о | о |
П п | п |
Р р | р |
С с | с |
Т т | т |
У у | у |
Ў ў | в |
Ф ф | ф |
Х х | х |
Ц ц | ц |
Ч ч | ч |
Ш ш | ш |
Ы ы | и |
Ь ь | Нема во македонскиот. Гласот се користи за палатизација. |
Э э | е |
Ю ю | ју |
Я я | ја |
’ | ’ |
Наводи
уреди- ↑ Daniel Bunčić (Bonn), "The apostrophe: A neglected and misunderstood reading aid" at the Tübingen University website Архивирано на 14 април 2012 г.
- ↑ Linguist List 13.1566, Daniel Bunčić, "Apostrophe rules in languages", from 31 May 2002.
Користена литература
уреди- Правопис на македонскиот литературен јазик, Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, К. Тошев, Р. Угринова-Скаловска, 10 изд. — Скопје: Просветно дело, 1991.