Транскрипција
појаснителна страница на Википедија
Транскрипција (од лат. transcriptio - препис, предавање) може да се однесува на:
- Транскрипција (лингвистика), предавањето на усмени зборови во писмена форма. Исто така и претворањето на ракопис, или фотографија на текст во чист текст.
- Транскрипција (генетика), процес на копирање на ДНК во РНК од ензимот наречен РНК-полимераза (РНКП).
- Транскрипција (музика), нотирање на ненотирано музичко дело, честа практика во етномузикологијата, или пак препишување на едно дело, или со едноставно копирање (за читкост), или пак како аранжман за друг инструмент.
- Медицинска транскрипција, документирање на медицинските записи на пациентите.
- Пијано транскрипција, музичко дело свирено на едно или повеќе пијана за приближно предавање на изворното дело.
- Кај компјутерите, гласовно препознавање, транскрипцијата е процес при кој системот/софтверот за препознавање на глас слуша претходно снимен глас и го вметнува во форма на пишани зборови во документ за подоцнежна коректура (транскрипција на гласовно препознавање)
Поврзано
уреди На оваа појаснителна страница се наведени статии — примероци кои се однесуваат на насловот Транскрипција. Доколку овде ве доведе внатрешна врска, предлагаме да ја смените, за да води право на саканата статија. |