Македонија (римска провинција)

(Пренасочено од Македонија I)

Македонијаримска провинција, создадена во 146 п.н.е., по победата на римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел над македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики. Провинцијата се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.

Provincia Macedoniae
Провинција на Римското Царство

146 п.н.е.–7 век
Местоположба на Македонија
Местоположба на Македонија
Провинцијата Македонија во рамките на Римското Царство, околу 117 година
Главен град Солун
Во доцната антика: Солун (на Македонија Прима) и Стоби (на Македонија Салутарис)[1]
Историски период Антика
 -  Основана после Четвртата македонско-римска војна 146 п.н.е.
 -  Навлегување на Словените на Балканот 7 век
Денес во  Грција
 Албанија
 Бугарија
 Македонија

Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима на југ и Македонија Салутарис на север.

Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикската префектура создадена во 318. Кога Илирикската префектура била поделена на Источен и Западен Илирик во 379, Македонските покраини станале дел од Источен Илирик. По расцепувањето на Римското Царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.

Една важна личност од провинцијата Македонија бил светец-заштитник на Солун, Димитар Солунски, кој починал во 306.

Стопанство во покраината

уреди

За време на Октавијан Август Македонија долго живеела во мир, просперитет и богатство, иако нејзината економска важност полека се намалила за сметка на економската важност на нејзиниот сосед, Мала Азија.

Стопанството значително напреднало по изградбата на патот Вија Игнација, доселувањето на римски трговци во градовите и основањето на римски колонии. Царската управа донела, покрај патишта и свој систем на администрација, и економски бум, кој бил полезен и за Римјаните и за Македонците. Со огромни обработливи површини и добри пасишта, владеачките семејства натрупале огромни богатства во општеството засновано на робовски труд.

Подобрувањата на условите за живот кај работиничките класи довело до голем развој на занаетчиството во регионот. Ѕидарите, рударите, ковачите, и др. биле вработувани во најразлични сектори на стопанството.

Најмногу се извезувале земјоделски производи и стока, додека железото, бакарот и златото заедно со производи како дрво, смоли, коноп, лен и риба исто така биле извезувани. Покрај ова, друг извор на богатство биле пристаништата, како Дион, Пела, Солун, Касандреја.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. A Companion to Ancient Macedonia, By Joseph Roisman and Ian Worthington, page 549
  2. http://www.unrv.com/provinces/macedonia.php

Предлошка:Покраини во Римското Царство (4-7 век)