Македонија (римска провинција)
Македонија била римска провинција, создадена во 146 п.н.е., по победата на римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел над македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики. Провинцијата се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.
Provincia Macedoniae | |||||
Провинција на Римската империја | |||||
| |||||
Провинцијата Македонија во рамките на Римската империја, околу 117 година | |||||
Главен град | Солун Во доцна антика: Солун (на Македонија Прима) и Стоби (на Македонија Салутарис)[1] | ||||
Историски период | Антика | ||||
- | Основана после Четвртата македонско-римска војна | 146 п.н.е. | |||
- | Навлегување на Словените на Балканот | 7ми век | |||
Денес во | ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима на југ и Македонија Салутарис на север.
Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикумската префектура создадена во 318. Кога Илирикумската префектура била поделена на Источен и Западен Илирикум во 379, Македонските покраини станале дел од Источен Илирикум. По расцепувањето на Римското царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.
Една важна личност од провинцијата Македонија бил светецот заштитник на Солун, Димитар Солунски, кој починал во 306.
Стопанство во покраинатаУреди
За време на Октавијан Август Македонија долго живеела во мир, просперитет и богатство, иако нејзината економска важност полека се намалила за сметка на економската важност на нејзиниот сосед, Мала Азија.
Стопанството значително напреднало по изградбата на патот Вија Игнација, доселувањето на римски трговци во градовите и основањето на римски колонии. Царската управа донела, покрај патишта и свој систем на администрација, и економски бум, кој бил полезен и за римјаните и за македонците. Со огромни обработливи површини и добри пасишта, владеачките семејства натрупале огромни богатства во општеството базирано на робовски труд.
Подобрувањата на условите за живот кај работиничките класи довело до голем развој на занаетчиството во регионот. Ѕидарите, рударите, ковачите, и др. биле вработувани во најразлични сектори на стопанството.
Најмногу се извезувале земјоделски производи и стока, додека железото, бакарот и златото заедно со производи како дрво, смоли, коноп, лен и риба исто така биле извезувани. Покрај ова, друг извор на богатство биле пристаништата, како Дион, Пела, Солун, Касандреја.[2]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ A Companion to Ancient Macedonia, By Joseph Roisman and Ian Worthington, page 549
- ↑ http://www.unrv.com/provinces/macedonia.php
Оваа статија за поврзана со античка Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за за стариот Рим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |