Македонија на Евровизија 1996

Македонија прв пат се обиде да учествува на Евровизија 1996. Калиопи беше одбрана да ја претставува Македонија во Норвешка, после победата на националниот избор со песната Само ти. Сепак, Македонија беше една од седум земји кои не успеаја да се квалификуваат за евровизиското финале од пред-квалификациска рунда, со што не обезбедија присуство во Осло.

Евровизија 1996
Држава Македонија
Национален избор
Изборен процесСкопје Фест 1996
Дата на избор3 март 1996
Избран учесникКалиопи
Избрана песна"Само ти"
Изведба во финале
Финален резултатне се квалификуваше (26та, 14 бодови)
Македонија на Евровизија
1996 1998►

Пред Евровизија

уреди

Скопје Фест 1996

уреди

Финалето се одржало на 3 март 1996 во Македонски народен театар во Скопје, а домаќини биле Билјана Дебарлиева и Борче Николовски. Победникот бил одбран со комбинација на гласови од експертско жири, радио станици низ Македонија и публиката во салата.[1]

Финале – 3 март 1996
Редослед Изведувач Песна Бодови Место
1 Марјан Нечак[2] "Марија" 10 14
2 Ерол Реџепагиќ "Кога ќе престанат солзите" 0 18
3 Маргица Антевска "Те нема да го слушаме Шопен" 6 15
4 Џон Илија Апелгрин "Спомени" 17 12
5 Леонарда & Трио Ека "Камбаните во ноќта ѕвонат" 45 7
6 Кирил Котевски "Дали ноќва си сонувала" 3 16
7 Катерина Мицанова & Гоце "Заробени од џезот" 0 18
8 Мики Јовановски Џафер "Колку вреди љубовта" 11 13
9 Каролина Гочева "Ма ајде кажи ми" 29 9
10 Сашо Каимовски "Заборави" 87 6
11 Силви Бенд "Среќна карта" 2 17
12 Дејан Кузмановски & Петар Реинов "Господ простува" 0 18
13 Дуо Маротов "Туѓа жена" 24 11
14 Интервали "Пак е пролет" 143 4
15 Цветанка Глигорова "Во твојот поглед" 127 5
16 Тања Царовска "Каде ли лета" 28 10
17 Тијана Тодевска "Ти простувам" 223 3
18 Калиопи "Само ти" 411 1
19 Авантура "Ти се будиш утрово" 34 8
20 Маја Оџаклиевска "Прости ми" 329 2

Евровизија 1996

уреди

Во 1996, за прв пат во евровизиската историја, аудио квалификациска рунда (од која домаќинот Норвешка беше изоставен) беше одржана на 20 март бидејќи 29 држави сакаа да учествуваат во финалето, но Европскиот радиодифузен сојуз постави лимит од 22 (плус Норвешка). Земјите што ќе ги заземат последните седум места после пред-квалификациската рунда нема да може да продолжат во финалето.[3] Калиопи не се квалификуваше, завршувајќи 26та со 14 поени.[4][5]

Македонија дебитираше две години подоцна во 1998.

Гласање

уреди

Поени доделени на Македонија (Квалификациска рунда)[6][7]
Score Држава
12 поени
10 поени
8 поени
7 поени
6 поени
5 поени   Словенија
4 поени   Унгарија
3 поени
2 поени
1 поен   Холандија

Поени доделени од Македонија (Квалификациска рунда)[6][7]
Score Држава
12 поени   Шведска
10 поени   Франција
8 поени   Швајцарија
7 поени   Холандија
6 поени   Ирска
5 поени   Кипар
4 поени   Израел
3 поени   Хрватска
2 поени   Данска
1 поен   Естонија

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „(FY) REPUBLIC OF MACEDONIA NATIONAL FINAL 1996“.
  2. „Marjan Nechak“. www.marjannecak.com. Посетено на 2021-06-06.
  3. „Oslo 1996 - Eurovision Song Contest“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 14 April 2021. Посетено на 14 April 2021.
  4. Roxburgh, Gordon (2020). Songs for Europe: The United Kingdom at the Eurovision Song Contest. Volume Four: The 1990s. Prestatyn: Telos Publishing. стр. 255–261. ISBN 978-1-84583-163-9.
  5. „ESC History - FYR Macedonia 1996“. Архивирано од изворникот на 2021-06-03. Посетено на 2021-06-03.
  6. 6,0 6,1 Roxburgh, Gordon (2020). Songs for Europe: The United Kingdom at the Eurovision Song Contest. Volume Four: The 1990s. Prestatyn: Telos Publishing. стр. 259. ISBN 978-1-84583-163-9.
  7. 7,0 7,1 „The 1996 preselection - the full scoresheets“. ESCNation.com. 4 December 2017. Посетено на 14 April 2021.