Магалиново

историско село во општина Василево, Македонија
(Пренасочено од Магулин)

Магалиново, наречено и Магулин[2] или Маргулин[3] — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарите на селата Доброшинци и Сушево.

Магалиново
Магалиново во рамките на Македонија
Магалиново
Местоположба на Магалиново во Македонија
Магалиново на карта

Карта

Координати 41°31′23″N 22°38′25″E / 41.52306° СГШ; 22.64028° ИГД / 41.52306; 22.64028
Регион  Југоисточен
Општина  Василево
Област Струмичка Котлина
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Географија

уреди

Селото се наоѓало во северозападнито дел на Струмичката Котлина, источно од Сушево.[3]

Историја

уреди

Според Јован Трифуноски во 1906 г. селото имало 10 македонски домаќинства. Во това време селото било чифлик на Али-бег од Струмица. Негов намесник бил Чауш, по народност Турчин или Албанец.[3]

Кога во 1906 г. Чауш зел девојка од селото, селаните, потпомогнати од комити, го вратиле и испратиле во Бугарија. Стравувајќи од одмазда, сите селани го напуштиле Магалиново. Дел од нив се населиле во Василево. Во ова село Трифуноски го нашол семејството Магалински, по потекло од ова село.[4]

Трифуноски го посетил местото и нашол остатоци од куќи стар селски бунар. При неговата посета таму затекнал штала за крави на земеделскиот комбинат ЗИК од Струмица.[5]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Топографска карта лист 734 Berovo серия "ТК100" 1:100,000 на Vojnogeografski institut, JNA, 1989
  3. 3,0 3,1 3,2 Трифуноски, Јован Ф. (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник Српског географског друштва. LVI (2): 74.
  4. Трифуноски, Јован Ф. (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник Српског географског друштва. LVI (2): 74–75.
  5. Трифуноски, Јован Ф. (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник Српског географског друштва. LVI (2): 75.