Луѓе кои се забавуваат 24 часа

Луѓе кои се забавуваат 24 часа (англиски: 24 hour party people) е британски филм од 2002 година, во режија на Мајкл Винтерботом (Michael Winterbottom), а по сценарио на Франк Котрел Бојс (Frank Cottrell Boyce). Во главните улоги играат: Стив Куган (Steve Coogan), Џон Томсон (John Thomson), Пол Попловел (Paul Popplowell) и Лени Џејмс (Lennie James). Филмот трае 117 минути, а британската премиера се одржала на 5 април 2002 година. Фимлмот е добитник на наградата „British Independent Film Award“, за најдобра продукација, а Винтерботом бил номиниран за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал во 2002 година.[1]

Мајкл Винтерботом 2013 година

Содржина

уреди

Филмот претставува биографија на Тони Вилсон (Tony Wilson), сопственикот на дискографската куќа „Factory records“. Тој работел на телевизијата „TV Granada“, каде ја водел емисијата „So It Goes“. Еднаш, тој случајно присуствувал на концертот на „Секс пистолс (Sex Pistols)“ во Манчестер, на кој присуствувале само 42 посетители. Воодушевен од новиот звук, тој одлучува да ги повика новите групи во својата телевизиска емисија, а потоа изнајмува еден клуб во кој организира концерти на младите панк и „новобранови“ групи. Истовремено, тој е менаџер на „Џој дивижн (Joy Division)“ и на неколку други групи, а ја основа и дискографската куќа „Фабрика (Factory)“, која одржува неформални односи со групите и пејачите, бидејќи Вилсон е заинтересиран само за креативната страна на снимањето, а не за комерцијалниот успех.

Голем удар во кариерата на Вилсон (го игра Куган) е смртта на пејачот на „Џој дивижн“, Ијан Кертис, на 18 мај 1980 година, непосредно пред заминувањето на групата на турнеја во САД, по што го напушта и неговата жена Линдзи. Во 1982 година, Вилсон го отвора клубот „La Hacienda“, кој натрупува долгови поради слабата посетеност и високите трошоци во работењето. Истовремено, неговата дискографска куќа постигнува огромен успех со групата „Њу ордер (New Order)“, составена од членовите на „Џој дивижн“.

Сепак, пресврт во кариерата на Вилсон е откривањето на групата „Хепи Мандис (Happy Mondays)“, која ја лансирала рејв-културата по што клубот „La Hacienda“ постанува омилено место за забава на младите, но истовремено, тој е собиралиште на дрогата и криминалците. На приватен план, Вилсон започнува врска со убавицата Ивет, иако е оженет за Хилари (неговата втора жена) со која има и дете. Вилсон, повторно доживува потрес, кога умира неговиот пријател, музичкиот продуцент Мартин Хамет. Истовремено, наспроти големиот комерцијален успех на „Хепи Мандис“, дискографската куќа на Вилсон има големи финансиски проблеми, поради големите трошоци околу снимањето на албумите на „Њу ордер“ (кои сакаат да снимаат на Ибица) и на „Хепи Мандис“ (кои снимаат на Барбадос). Поради тоа, Вилсон е принуден да ја продаде дискографската куќа „Factory“ на „London records“.

Потоа, работите на Вилсон тргнуваат надолу. Во 1994 година, тој го отворил клубот „Factory 2“, но го затворил во 1997 година, без да постигне некој поголем успех.[1]

Наводи

уреди