Лунци
Лунци или Лунч (грчки: Καλλονή, Калони; до 1927 г. Λούντσι, Лунци[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 6 жители (2011).
Лунци Καλλονή | |
---|---|
Координати: 40°9′N 21°12′E / 40.150° СГШ; 21.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Чирак |
Надм. вис. | 1.020 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 6 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е оддалечено околу 20 км северозападно од градот Гребен, на надморска височина од 1.020 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиЦрквата „Св. Никола“ е изградена во 1864 година.[4]
Во XIX век Лунци било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лунци живееле 180 Грци.[5]
Според грчката атинска статистика од 1910 година во Лунцион (Λούντσον) живееле 500 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 503 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 391.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Калони (Καλλονή).
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава со сточарството и шумарството.[3]
Население
уредиВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 503 жители, во 1920 година со 391 жител, во 1928 година со 489, а во 1940 година со 431, во 1951 година со 152 жители, во 1961 година со 95, во 1971 година со 65, во 1981 година со 239, а во 1991 година со 208 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 431 | 152 | 95 | 65 | 239 | 208 | 171 | 6 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 7 квадратни километри.[3] Општината Лунци била приклучена во општината Чирак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Чирак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лунци, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена во 1864 г.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Lountsi -- Kalloni“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-04.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 121–122.
- ↑ 4,0 4,1 „Η πόλη και τα χωριά του Νομού Γρεβενών“. Greveniotis.gr (грчки). 2012-09-06. Посетено на 2023-08-04.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
- ↑ „PDF pager“. anemi.lib.uoc.gr. Посетено на 2023-08-04.