Лука Ѓеров
Лука Ѓеров (познат и под имињата Лука Геров и Лука Џеров[белешка 1]; 27 октомври 1870 во Битола — 20 ноември 1948 во Софија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.[1][2]
Лука Ѓеров | ||
Роден | Лука Ѓеров 27 октомври 1870 Битола, Битолски Вилает, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 20 ноември 1948 (возраст: 78) Софија, НР Бугарија | |
Народност | Македонец | |
Занимање | револуционер |
Животопис
уредиРоден е на 27 октомври 1870 година во Битола. Основно образование завршил во родниот град, а потоа ја завршил и Солунската егзархиска гимназија.
Со револуционерна активност почнал да се занимава во својот град пред создавањето на Организацијата. Во неа е вклучен лично од Даме Груев. Во 1892 година, во Софија, соработувал во списанието Лоза (1892-1894) и во весникот Глас македонски (1893-1898). На двапати со чета влегува во Македонија.
Учествувал во Мелничкото востание во 1895 година.
Во 1896 година е именуван за учител во Демирхисарско а потоа во Кичево (1897-1898). За својата револуционерна активност одлежува нешто повеќе од една година во турските затвори во Кичево и Битола. По излегувањето од затворот присуствувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон.
При востаничкиот напад на Кичево, командувал со одред од 200 востаници. По востанието се повлекол во Бугарија и таму и се приклучил на Серската група.
Умира во Софија, на 20 септември 1948 година.[3]
Именувања
уредиПо него е именувана улица во Скопје.
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џиков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1639. Text "series " ignored (help)
- ↑ Кратка биография на Лука Джеров
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 45.