Луковица (Делчевско)

село во Општина Македонска Каменица
(Пренасочено од Луканица)

Луковица или Луканица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска

Луковица

Поглед на Луковица

Луковица во рамките на Македонија
Луковица
Местоположба на Луковица во Македонија
Луковица на карта

Карта

Координати 42°01′04″N 22°36′23″E / 42.01778° СГШ; 22.60639° ИГД / 42.01778; 22.60639
Регион  Источен
Општина  Македонска Каменица
Област Осоговија
Население 297 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2304
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09016
Надм. вис. 580-670 м
Луковица на општинската карта

Атарот на Луковица во рамките на општината
Луковица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Луковица се наоѓа во областа Осоговија, во сливното подрачје на реката Брегалница, недалеку во источен правец од Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и се простира на надморска височина од 580-670 м. Селскиот атар зафаќа површина од 8 км2.[2]

Историја

уреди

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Селото има главно полјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 364 ха, на шуми отпаѓаат 244 ха, а на пасишта 164 ха.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948290—    
1953349+20.3%
1961372+6.6%
1971350−5.9%
1981324−7.4%
ГодинаНас.±%
1991286−11.7%
1994304+6.3%
2002269−11.5%
2021297+10.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Луковица живееле 140 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Луковица имало 80 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Луковица живеат 269 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 297 жители, од кои 279 Македонци, 5 останати и 13 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 80 290 349 372 350 324 286 304 269 297
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи

уреди

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.

Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 606 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 212 гласачи.[14]

Културни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Ѓурѓина Ливада — тумул, населба и црква од железно, римско и старохристијанско време;
  • Могили — могили од римско време.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 183.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 март 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 23 март 2021.
  14. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 март 2021.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди