Бјанка Марија Висконти
Бјанка Марија Висконти (родена на 31 март 1425 - починала на 28 октомври 1468) била војвотка од Милано во периодот од 1450 до 1468 година.
Бјанка Марија Висконти | |
---|---|
Војвотка на Милано | |
Бјанка Марија Висконти | |
Роден(а) | 31 март 1425 Сетимо Певезе, Ломбардија |
Починал(а) | 28 октомври 1468 (43 години) Кремона |
Благородно семејство | Династија Висконти |
Сопружник(ци) | Франческо I Сфорца |
Деца
Галеацо Марија Сфорца Иполита Марија Сфорца Филипо Марија Сфорца Сфорца Марија Лудовико Сфорца Асканио Сфорца Елизабета Сфорца Отовијано Сфорца | |
Татко | Филипо Марија Висконти |
Мајка | Агнезе дел Мајно |
Рани години
уредиТаа е родена во близина на Сетимо Павезе како вонбрачна ќерка на Филипо Марија Висконти и Агнезе дел Мајно која служела на сопругата на миланскиот војвода. Двојката имала и друга ќерка која починала при нејзиното раѓање[1]. Кога наполнила шест месеци, заедно со нејзината мајка биле испратени во замокот во Абијате каде се образувала.
Во 1430, на возраст од шест години била свршена со Франческо I Сфорца кој бил 24 години постар од неа. Преку овој брак било договорено потомците да бидат нови владетели на Миланското војводство. Договорот бил потпишан на 23 февруари 1432 година, во замокот на Порта Џовија, резиденцијата на Висконти во Милано. Официјален портпарол бил нејзиниот кум, Андреа Висконти. Присуството на Бјанка Марија и нејзината мајка на церемонијата не е сигурно, според некои извори, таа го посетила Милано за првпат кога била мажена.
Нејзиниот татко на двапати сакал да го поништи бракот, обидувајќи се Сфорца да го напуштат сојузот со Венеција. Така, на 24 октомври 1441 година Франческо и Бјанка се венчале во Кремона.
Владеење
уредиПо смртта на нејзниот татко во 1447 година, Бјанка Марија и Франческо марширале кон Милано со 4.000 витези и 2.000 пешадијата кога разбрале дека била формирена Амброзиска република. Сепак, Франческо ја прифатил новосоздадената држава. Во мај 1448 година кога Сфорца бил во Павија, Венецијанската Република го нападнала градот Кремона. Таму, Бјанка ја добила својата слава како воинствена жена поради учеството во конфликтот.
Кога бил одбиен венецијанскиот напат, сопружниците се вселиле во замокот на Висконти во Павија. Нејзините добри односи со династија Висконти и овозможиле голема популарност и поддршка. На 24 февруари 1450 година, во Милано избувнало востание. Венецијанскиот амбасадор бил убиен, а Венеција обвинета за гладот и сиромаштијата во градот. Франческо Сфорца бил прогласен за владетел на Милано од страна на племството и граѓаните.
Датумот за влезот на новите војводи во Милано е спорен, 22 или 25 март. Во текот на првите години од нивното владеење, Бјанка соработувала со нејзиниот сопруг за враќање на средствата на својот татко и враќање во Дуждовата палата. Франческо повторно бил заплеткан во војната со Венеција. Бјанка се предала на управувањето со кнежевството, државните работи и финансиските тешкотии. По склучениот мир во 1454 година, таа започнала проекти за разубавување на градот, основање на болници и нудење помош на сиромашните. Во 1459 година во Мантова бил свикан собор на кој папата повикал на Крстоносна војна против Османлиите. Бјанка понудила 300 витези а Франческо бил предложен како воен водач на експедицијата. Но крстоносната војна никогаш не се одвила.
Во 1462 година Франческо се разболел. Во текот на неговото отсуство, Бјанка не дозволила распаѓање на војводството поради неколкуте востанија потикнати од страна на Венецијаните. Таа во историјата е позната како голем дипломат. Главните проблеми за Бјанка Марија во овој период дошле од нијзиниот најстар син, Галеацо Марија Сфорца, чиј нестабилен и предавнички лик создал бројни проблеми за неа. На 13 декември 1465, нејзината мајка починала, а Франческо загинал. Таа брзо ја зела улогата на прв човек во кнежевството и го повикал својот син да застане до неа. Но неговата алчност довела до прогонување на Бјанка од Милано и заминување во Кремона.
Последни години
уредиСпротивно на советите од сите нејзини советници, Бјанка Марија решила да зеде учество на прославата на бракот на нејзиниот син во 1468 година. Но на враќање таа се разболела и починала на 28 октомври истата година. Нејзината смрт фрлила големи сомнежи дека била убиена односно отровена од страна на нејзниот син.