Лудвиг II (Италија)

Лудвиг II, понекогаш наречен и Помладиот[1] (825 – 12 август 875) - италијански крал и Цар на Светото Римско Царство од 844 година, како совладетел на неговиот татко Лотар I сè до 855 година, оттогаш е самостоен владетел. Лудвиговата вообичаена титула imperator augustus („август цар“), но ја користел imperator Romanorum („цар на Римјаните“) по освојувањето на Бари во 871 година, што ги влошило односите со Византија. Тој бил нарекуван и imperator Italiae („италијански крал“) во Западна Франкија додека пак византијците го нарекувале Basileus Phrangias („цар на Франките“). Хроничарот Андреј Бергамски, кој е и главниот извор за Лудвиговите освојувања во јужна Италија, забележал во своите ракописи „по неговата смрт во Италија настапува период на големи неволји.“[2]

Лудвиг прикажан во ракописот Царски хроники на Јохан Верарди од XII век.
Лудвиг при освојувањето на Бари во 871 година.

Животопис

уреди

Лудвиге роден во 825 година како најстаиот сина на помладиот цар Лотар I и Ирменгарда од Тур. Неговиот тако бил син ан тогашниот цар, Лудвиг Побожниот. Многу малку се знае за неговата младост, со исклучок на фактот дека времето го минувал о замокот на својот дедо и најверојатно имал добри односи со постариот цар, кој во 839 година, го назначил својот четиринесет годишен внук за крал на Италија. Неговиот дедо, постариот цар Лудвиг I, починал наредната година и неговото царство било разделено меѓу синовите, Лудвиговиот татко, Лотар, и вујко, Лудвиг Германски. За време на владеењето на неговиот татко тој бил крунисан за крал и совладетел на средовечниот Лотар во Рим од страна на папата Сергиј II на 15 јуни 844 година. Оваа свеченост наликувала на крунисувањето на Лотар од страна на неговиот татко, обичај започнат од Карло Велики и неговиот син Лудвиг Побожниот, кои му биле прадедо и дедо на Лудвиг II.

Лудвиг II веднаш го наметнал своето владеење во градот, но истото истото не му било одобрено, но во 850 година тој бил крунисан за содружен цар на Рим од папата Лав IV, и подоцна во 851 година, се оженил со Ангелберга и ја ставил под владени независната влада на Италија. Тој тргнал во поход во јужна Италија истата година кога бил крунисан и се соочил со соперниците војводите на Беневенто, Раделхиз I и Сиконулф, со цел да склучи мир. Неговото посредување го поделило ломбардското војводство со што Раделхиз го владеел Беневенто додека пак независното кнежевство со седиште во Салерно му припаднало на Сиконулф. Раделхиз, задоволен, веќе немал потреба од неговите сараценски платеници и со задоволство му ги предал на царот. Лудвигги нападнал и маскарирал. Подоцна тој изнел обвиненија против папата Лав и оддржал диета во Павија. Тој го потврдил узурпаторот регентот Петар како кнез на Салерно во декември 853 година, поништувајќи ја династијата која ја поставил пред три години. По смртта на неговиот татко во 855 година тој бил единствен владетел.

Поделбата на Лотаровите владенија,односно териториите кој ја опфаќале само Италија, го поттикнало неговото незадоволство, и во 857 година тој стапил во сојуз со Лудвиг Германски против неговиот сопствен брат Лотар II, и кралот Карло Ќелавиот. Но откако Лудвиг го осигурал изборот на папата Никола I во 858 година, тој се помирил со својот брат, и се стекнал со теитории јужно од Јура за возврат тој му помогнал на Лотар да добие развод од неговата сопруга, Теутберга.

Во 863 година, по смртта на својот брат Карло, Лудвиг го стекнал владението над кралството Прованса, а во 864 година се судрил со папата Никола I во врска со разводот на неговиот брат. Архиепископот, кој бил сменет од страна на папата поради прогласувањето на бракот за неважечки, се стекнал со поддршка од царот, кој пристигнал во Рим со војска во февруари 864 година, но во тој момент тој добил грозница, се помирил со папата и заминал од градот.

Во неговите напори да воспостави мир во Италија, Лудвиг имал значителен успех против завојуваните италијански принцови и Сарацените кој ја пљачкосувале Италија. Во 866 година, откако пвикал за помош во борбите против Сарацените,[3] кој ги избркал од копното но не можел да го круниса својот успех поради недостатокот на флота. Така тој во 869 година тој се здружил со источниот владеле, Василиј I, кој му испратил нродови кој же му помогнат при освојувањето на Бари, главниот град на месниот исламски емират, кој бил освоен во 871 година.[4]

 
Гробот на Лудвиг II Италијански во Милано

Во меѓувреме неговиот брат Лотар починал во 869 година и поради задршката во јужна Италија, Лудвиг бил во неможност да ја спречи поделбата на Лотарингија меѓу Лудвиг Германски и Карло Ќелавиот. Поради зависта меѓу Лудвиг и Василиј поради освојувањето на Бари, и како одговор на наредите од источниот цар Лудвиг се обиделда ја опрафда титулата „цар на Римјаните.“ [5]

Тој се повлекол во Беневенто за да се подготви за понатамошни походи кога бил предавнички нападнат во неговиот дворец, ограбен и затворен од Аделхиз, кнезот на Беневенто, во август 871 година. Пристигнувањето на нови банди на Царацени го приморало Аделхиз да го ослободи својот затвореник еден месец подоцна, и Лудвиг бил присилен да се заколне дека нема да се одмазди поради повредите, ниту пак дека ќе влезе со армија во Беневенто. Враќајќи се во Рим, тој бил ослободен од заклетвата, и бил крунисан по вторпат за цар од страна на папата Адријан II на 18 мај 872 година.

Подоцна Лудвиг постигнал понатамошни успеси против Сарацените, кои биле протерани од Капуа, но обидите на царот да го казни Аделхиз не биле особено успешни. Враќајќи се во северна Италија, тој починал во близина на Геди, денешната покраина Бреша, на 12 август 875 година, именувајќи го за наследник неговиот роднина Карломан, синот на Лудвиг Германски. Лудвиг бил погребан во базиликата Свети Амброз во Милано.

Семејство

уреди

Лудвиг се оженил на 5 октомври 851 година, Ангелберга, ќерката на Аделхиз I Сполетски. Тие имале една ќерка:

Наводи

уреди
  1. Неговото име и прекар потекнуваат од фактот што тој бил вториот Лудвиг на престолот по неговиот дедо Лудвиг Побожниот.
  2. Post cuius obitum magna tribulatio in Italia advenit. Andreas, Historia Архивирано на 26 септември 2007 г. in Georg Waitz (ed.), Monumenta Germaniae Historica (Hannover: 1878), 222–30, §18.
  3. Pierre Riche, The Carolingians: A Family who forged Europe, transl. Michael Idomir Allen, (University of Pennsylvania Press, 1993), 182
  4. Pierre Riche, The Carolingians: A Family who forged Europe, 182.
  5. Letter of Louis II to Basil I (discussion with full English translation).

Литературни дела

уреди
  • Annales Bertiniani and Chronica S. Benedicti Casinensis, both in the Monumenta Germaniae Historica. Scriptores, Bände i. and iii. (Hanover and Berlin, 1826 fol.)
  • Muhlbacher, E. Die Regesten des Kaiserreichs unter den Karolingern (Innsbruck, 1881)
  • Sickel, T. Acta regum et imperatorum Karolinorum, digesta et enarrata (Vienna, 1867—1868)
  • E. Dummler Geschichte des ostfrankischen Reiches (Leipzig, 1887—1888).
  • Charles Oman The Dark Ages 476–918. London: Rivingtons, 1914.
Цар Лудвиг II Помладиот
Починал(а): 12 август 875
Владејачки титули
Претходник
Лотар I
Крал на Италија
15 јуни 844 – 12 август 875
со Лотар I (844-855)
Наследник
Карло II
Цар на Светото Римско Царство
850 – 12 август 875
со Лотар I (850–855)