Ломбочки Проток
Ломбочки Проток (индонезиски: Selat Lombok) — проток кој ги поврзува Јаванското Море и Индискиот Океан, сместен помеѓу островите Бали и Ломбок во Индонезија. Во североисточниот дел на протокот се наоѓа островската група Гили, недалеку од брегот на Ломбок.
Ломбочки Проток Selat Lombok | |
---|---|
Ломбочкиот Проток кај островите Гили | |
Местоположба на Ломбочкиот Проток меѓу Бали (лево) и Ломбок (десно) | |
Вид | проток |
Сливни земји | Индонезија |
Најг. должина | 60 км |
Најг. ширина | 40 км |
Најг. длабочина | 250 м |
Острови | Гили |
Протокот е долг 60 км. Најтесен дел е јужиот пристап, со ширина од 20 км помеѓу островите Ломбок и Пенида; на северниот крај се проширува до 40 км. Поради неговата длабочина од 250 м[1] поголемите бродови минуваат низ него место низ Малачкиот Проток, кој е десеткратно поплиток.
Забележително е тоа што низ овој проток минува Индонезиската струја која ги меша водаите на Индискиот и Тихиот Океан.
Биогеографија
уредиЛомбочкиот Проток ја образува биогеографската граница помеѓу фауната на Индомалајската екозона и онаа на Австралазија, која е мошне различна. Оваа граница се нарекува Волесова Линија, по британскиот природонаучник Алфред Расел Волес кој прв ја забележал оваа нагла промена на биомите.
Биолозите сметаат дека појавата се должи на самиот Ломбочки Проток, чија длабочина го спречила мешањето на видовите. Со спуштањето на морското ниво за време на плеистоценското ледено време, островите Бали, Јава и Суматра образувале копнена целина поврзана со континентална Азија, па затоа ја наследиле азиската фауна. Меѓутоа, поради длабочината на Ломбочкиот Проток, островот Ломбок и архипелагот Мали Сундски Острови останале одделни, и настапила нивна колонизација од австралазиската фауна.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Susanto, R. Dwi; Leonid Mitnik; Quanan Zheng (декември 2005). „Ocean Internal Waves Observed in the Lombok Strait“ (PDF). Oceanography. стр. 83. Архивирано од изворникот (PDF) на 9 октомври 2011. Посетено на 16 мај 2008.
Литература
уреди- van Oosterzee, Penny (1997). Where Worlds Collide: the Wallace Line.
Надворешни врски
уреди- Ломбочки Проток на Ризницата ?
- Карти на морските нивоа во плеистоценот Архивирано на 17 март 2009 г. (англиски)
- Волесија — преоден појас од Азија кон Австралија, особено богат со морски и копнен живот (англиски)