Јаванско Море

море

Јаванско Море — дел од Тихиот Океан со површина од 310.000 квадратни километри. Се наоѓа помеѓу островот Борнео на север, островот Јава на југ, Суматра на запад и Сулавеси на исток. На северозапад, преку теснецот Каримата е поврзан со Јужнокинеското Море. Рибловот е важна економска активност во Јаванското Море, во кое живеат преку 3000 видови морски животни. Јаванското Море е и популарна туристичко одредиште, особено за нуркањето. Во текот на Втората светска војна, во февруари и март 1942, во ова море се одвивала поморска битка. Силите на Холандија, Велика Британија, Австралија и САД, скоро и да биле уништени во обидот да ја заштитат Јава од јапонските напади.

Местоположбата на Јаванското Море


5°16′0″S 111°43′52″E / 5.26667° ЈГШ; 111.73111° ИГД / -5.26667; 111.73111