Лозница (град во Бугарија)
Лозница (бугарски: Лозница) — гратче во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Лозница во Разградската Област. Има население од околу 2.098 жители (2022).[1]
Лозница Лозница | ||
---|---|---|
град | ||
Местоположба на Лозница во Бугарија | ||
Координати: 43°22′17″N 26°35′55″E / 43.371481° СГШ; 26.598731° ИГД | ||
Земја | Бугарија | |
Област | Разград | |
Општина | Лозница | |
Управа | ||
• Градоначалник | Севгин Шукри (ДПС) | |
Површина | ||
• Вкупна | 24,13 км2 (9,32 ми2) | |
Надм. вис. | 214 м | |
Население (2022) | ||
• Вкупно | 2,098 | |
• Густина | 87/км2 (230/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
поштенски код | 7290 | |
Повик. бр. | +359 08475 | |
Мреж. место | loznitsa.bg |
Географија и местоположба
уредиЛозница се наоѓа во источниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 20 километри јужно од регионалниот центар Разград и на 19 километри северно од Трговиште.
Историја
уредиПрвото познато име на населбата било Кубад’н (на турски: раскрсница, спој на 7 патишта), спомнато во рускиот регистар од 1573 година. Во 1877 година во населбата имало 66 домаќинства.
По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт, во селото се населиле балканџии привлечени од богатата природа и погодната локација. Во 1908 година било изградено првото училиште со доброволен труд и средства од побогатите. Во 1934 година селото Кубад’н било преименувано во Лозница.
Во втората половина на 20 век, Лозница се здобила со нов развоен план, чиј автор е арх. Стојко Дончев.[2] Според неговиот проект се изградени и зградата на општината, читалиштето, киното и автобуската станица, спортската сала и здравствената служба. Зградата на поштата е дизајнирана од арх. Антонија Бранкова, а хотелот — на арх. Ристо Мангов. Лозница била прогласена за град на 4 септември 1974 година.
Личности
уреди- Пенчо Кубадински (1918 – 1995), политик од БКП
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Василев, Димитър (бр. 9 / 1972). „Архитектурният образ на село Лозница“. сп. "Архитектура". Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)