Лилјана Колева-Гудева

Проф. д-р Лилјана Колева-Гудева (родена 25 февруари 1966 год. во Струмица) е професор[1] и продекан[2] на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Основно и средно образование завршила во Струмица. Во академската 1984/85 година се запишала на Природно-математичкиот факултет, Институт за биологија при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј” - Скопје на биохемиско - физиолошката насока, каде што дипломира во 1989 год. Во академската 1991/92 се запишала на постдипломски студии на истиот факултет, на Институтот за биологија, а во 1996 год. ги завршила постдипломски студии со просечна оцена 9,45 и го одбранила магистерскиот труд под наслов „Органогенеза и регенерација на пиперка (Capsicum annuum L.), сорта куртовска капија во услови in vitro”. Докторска дисертација под наслов „Андрогенеза и органогенеза на пиперка (Capsicum annuum L.), сорти куртовска капија и златен медал”, ја одбранила на ден 6 април 2004 год., на ПМФ - Скопје, со што се здобила со академскиот степен доктор на биолошки науки.

Во 1993 год. се вработува во ЈНУ „Институт за јужни земјоделски култури“ - Струмица, каде била основач и раководител на Одделението за биотехнологија и на лабораторијата за култура на растителни клетки и ткива, како и помошен директор за наука. Активно работела во реализацијата на научно-истражувачката и развојната програма на институтот. Во 1996 год. со стипендија на UNESCO, како единствен кандидат од Република Македонија, учествувала на International Symposium and Training Course In Plant Molecular Biology and Biotechnology Godolo, Hungary.

Од 1 септември 2007 год. е вработена на Катедрата за растително производство[3] на Земјоделскиот факултет при УГД - Штип. Активно учествува во реализација на наставата за прв, втор и трет циклус на студии на Земјоделскиот факултет и Факултетот за природни и технички науки при УГД на повеќе предмети[4].

Проф. д-р Лилјана Колева-Гудева е претседател на Комисијата за издавачка и нормативна дејност но и долгогодишен главен уредник и уредник на:

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Земјоделски факултет - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-06-13. Посетено на 2013-05-28.
  2. „Официјално мрежно место на Земјоделски факултет - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-03-08. Посетено на 2013-05-28.
  3. „Официјално мрежно место на Катедрата за растително производство“. Архивирано од изворникот на 2013-11-23. Посетено на 2013-05-28.
  4. Мрежно место на проф. д-р Лилјана Колева-Гудева
  5. Електронска библиотека на УГД - „Годишни зборници“

Надворешни врски

уреди