Лејџоу (полуостров)
Лејџоу (кинески: 雷州半岛; пинјин: Zhōnghuá Mínguó; кантонски јитпинг: Lui⁴-zau¹ Bun³-dou²) — полуостров во најјужниот дел на покраината Гуангдунг, јужна Кина.
Историја
уредиЗа време на династијата Ќинг (XVII - XX в.) на полуостровот имало важна поморска база.[1]
Географија
уредиПолуостровот Лејџоу е трет по големина полуостров во Кина со површина од 8.500 км2 и е сместен на југозапдниот крај на покраината Гуангдунг, со Тонкинскиот Залив на запад и 30 км широкиот Хајнански Проток (Ќунгџоу) на југ, кој со своите го двои островот Хајнан. Претставува најјужна точка на континентална Кина.
Во геолошки поглед, 43% од површината на полуостровот е опфатена со базалтни тераси. Остатокот се состои од крајбрежни тераси (27%) и наносни рамнини (17%). На Лејџоу има неколку заспани вулкани, низа плажи и ниски плавни рамнини.
Лејџоу има две одделни вулкански полиња: плеистоценско–холоценско поле на северниот крај западно од Џанѓанг и северниот крај на вулканското поле Ќунглеј или Лејѓунг, кое се протега преку протокот во северен Хајнан. Вулканите потекнуваат од тектонското истегање во правец исток-запад и истенчувањето на литосферата поврзано со настанокот на котлината на Јужнокинеското Море. Во средишниот дел на полуостровот се сместени базалтните стратовулкани Јингфенглинг и Тјенјангод, кои се оддалечени 15 км еден од друг и потекнуваат од плеистоценско време.[2] Има и трето вулканско поле, одговорно за некои од околните острови.
Морски свет
уредиЗападно од полуостровот е создаден резерват за загрозени видови морски цицачи. Околното подрачје е прогласено за заштитен дом на кинескиот бел делфин како второ најголемо живеалиште на видот во земјата.[3]Морските крави сè уште се присутни, но се малубројни.[4] Застапени се и Бридеовиот кит,[5][5][6][7][8][9][10][11]остроклуниот кит и китот-ајкула, особено во соседните води кај Хајнан и во Тонкинскиот Залив, во местата кај Тјешанганг и околу островите Вејџоу и Сјејанг.[12][13]
Некогаш водите околу полуостровот Лејџоу биле зимско породилиште за денес критично загрозени видови како јапонскиот и сивиот, грбавиот и синиот кит[14]. Денес тие се истребени на ова подрачје поради постојаниот замав на јапонските китоловци по водите околу Кина и Кореја.
Клима
уредиПолуостровот има тропска клима, со влијанија од континентални монсуни од североисток и поморски монсуни од југоисток и југозапад. Повремено се јавуваат и тајфуни, кои доаѓаат од Тихиот Океан или од Јужнокинеското Море. Лејџоу има годишни врнежи во износ од 1.400–1.700 мм.
Градови
уреди- Џанѓанг — пристаништен град на североисточниот брег
- Гуангџоуван — поранешна француска колонија на североисточниот брег на полуостровот
Поврзано
уреди- Лејџојски јазик — месното наречје на минската група
- Хајнански Проток — протокот меѓу полуостровот и островот Хајнан
- Лејџоу — истоимен град на полуостровот
Наводи
уреди- ↑ Nicholas Belfield Dennys (1874). The China Review, Or, Notes and Queries on the Far East. "China Mail" Office. стр. 345–.
- ↑ VolcanoDiscovery. "Leizhou Bandao volcano". посет. 24 јули 2014 г.
- ↑ „近千头中华白海豚栖息广东湛江雷州湾“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 2017-03-21.
- ↑ Wang P., Han J., Ma Z., Wang N. (2007). „Survey on the resources status of dugong in Hainan Province,China“. Acta Theriologica Sinica [J] Vol. 27(1), 2007. стр. 68–73. Посетено на 2015-01-20.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 5,0 5,1 „鲸鱼宝宝再次造访的涠洲岛海域!“. Архивирано од изворникот на 2016-11-04. Посетено на 2017-03-21.
- ↑ „北海涠洲岛海域出现一条大鲸鱼到访。“. Архивирано од изворникот на 2016-11-04. Посетено на 2017-03-21.
- ↑ 2017. 刚刚铁山港附近海域,惊现多条鲸鱼。 Архивирано на 6 март 2017 г.
- ↑ 2016. 北海附近海域惊现庞大鲸鱼,画面感萌翻啦![视频+多图] Архивирано на 6 март 2017 г.
- ↑ 2006. 俺在北部湾新拍到的鲸~(图) Архивирано на 6 март 2017 г.
- ↑ „广西北海涠洲岛附近发现一条大鲸鱼“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 2017-03-21.
- ↑ 2009. 北部湾(2)_须鲸! Архивирано на 6 март 2017 г.
- ↑ 中华人民共和国濒危物种科学委员会. [濒危物种数据库 - 鳀鲸 Balaenoptera edeni Anderson, 1879]. CITES. посет. 7 декември 2014 г
- ↑ Wang Pei Lei (王丕烈). 1984. 中国近海鲸类的分布. 辽宁省海洋水产研究所 (Liaoning Ocean and Fisheries Science Research Institute). 中国知网 (CNKI.NET). посет. 7 декември 2014 г
- ↑ „Identification Guide for Marine Mammals In the South China Sea“. The Sanya Institute of Deep-sea Science and Engineering at The Chinese Academy Of Sciences. Архивирано од изворникот на 2015-01-19. Посетено на 2015-01-19.
Надворешни врски
уреди„Лејџоу (полуостров)“ на Ризницата ? |
- За камените кучиња на полуостровот Лејџоу (англиски)
- Вулкани на Лејџоу (германски)
- Карта на вулканските полиња на полуостровот Архивирано на 4 март 2016 г. — Управен портал на Џанѓанг