Латинско Царство
Латинско Царство — држава која постоела во периодот од 1204 до 1261 година на дел од територијата на тогашната Византија. Оваа империја била создадена во време на четвртата крстоносна војна. Оваа држава била основана од страна на крстоносците при зазимањето на Цариград во 1204 година. Оваа царство се смета како директен наследник на Римското Царство. Уште на почетокот таа била разделена на множество кралства и грофовии. Но таа не ја опфаќала целата територија на Византија. Во Епир било создадено Епирско Деспотство, а во Мала Азија - Никејското и Трапезундското Царство.
Латинско Цариградско Царство Imperium Romaniae Римско Царство | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1204–1261 | |||||||||
Главен град | Цариград | ||||||||
Говорени јазици | латински, старофранцуски грчки | ||||||||
Вероисповед | римокатоличка православна | ||||||||
Уредување | монархија | ||||||||
Цар | |||||||||
• 1204–1205 | Болдвин I Цариградски | ||||||||
• 1206–1216 | Хенри Фландриски | ||||||||
• 1217–1219 | Јоланда Фландриска (регент) | ||||||||
• 1219–1228 | Роберт I | ||||||||
• 1228–1237 | Јован Бриен (regent) | ||||||||
• 1237–1261 | Болдвин II Цариградски | ||||||||
Историски период | развиен среден век | ||||||||
• Основана | 1204 | ||||||||
• Престанала да постои | 1261 | ||||||||
Површина | |||||||||
1204 | 350.000 km2 (140,000 sq mi) | ||||||||
|
На 16 мај 1204 година за прв цар бил прогласен Болдвин IX Фландријски, еден од водачите на четвртата крстоносна војна и кој на 16 мај 1204 година бил прогласен за нов римски цар под името Болдвин I. Во почетокот началото таа водела многу експанзионистичка политика, но по Битката кај Одрин претрпела пораз од цар Калојан. Во текот на 1208 година била завладеана Тракија, но по мирен начин царот Иван Асен II одново си ја вратил. Во 1228 година царот Роберт Куртен започнал дипломатска игра. Тој предложил престолот на царот Иван Асен II.
Во 1261 година никејците го искористиле отсуствувањето на бродовите на Венеција и навлегуваат во Цариград. По тој начин се сложил крај на постоењето на Латинското Царство.
Цареви на Латинското Царство, 1204–1261
уреди- Болдвин I (1204–1205)
- Хенри Фландирски (1206–1216), негов брат
- Јоланда Фландирска (1217–1219), негова сестра
- Петер Кутрен (1217), нејзин сопруг
- Роберт Кутрен (1219–1228), нивни син
- Болдвин II (1228–1261) негов брат