Ласло Краснахоркаи
Ласло Краснахоркаи (унгарски: Krasznahorkai László), (1954, Ѓула, Унгарија -) е современ унгарски писател.
Животопис
уредиЛасло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула. Студирал право во Сегед, а потоа унгарски јазик во Будимпешта. Од 1983 година работи како професионален писател.[1]
Творештво
уредиКраснахоркаи е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: шпански, полски, германски, француски, шведски, чешки, српски, бугарски, украински, и англиски. Исто така, неговиот расказ "Последниот брод" е објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]
Негови поважни дела се:[3]
- Сатанско танго (роман), 1985 година
- Околности за милост (раскази), 1986 година
- Меланхолија на отпорот (роман), 1986 година
- Затвореникот од Урга (роман), 1992 година
- Војна и војна (роман), 1999 година
- Рид на север, езеро на југ, патишта на запад, река на исток (роман), 2003 година
- Напуштеност и безнадежност под небото (роман), 2004 година
Признанија
уредиКраснахоркаи е добитник на повеќе награди, како што се:[3]
- Наградата "Атила Јожеф", 1987 година
- Наградата на Кругот на Микец Келемен (Холандија), 1987 година
- Наградата "Тибор Дери", 1992 година
- Наградата "Шандор Мараи", 1997 година
- Наградата "Кошут", 2004 година