Ласло Дарваши (унгарски: Darvasi László), (1962, Тороксентмиклош, Унгарија -) е современ унгарски писател и есеист.

Ласло Дарваши

Животопис

уреди

Ласло Дарваши е роден во 1962 година во Тороксентмиклош. Дипломирал на Педагошкиот факултет во Сегед, каде што живее. Од 1990 година, работи како уредник во сегедското културно списание "Помпеи".[1]

Творештво

уреди

Ласло Дарваши е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: германски, холандски, француски и англиски. Исто така, неговиот расказ "Јулија Сонце" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум". За своите дела, Дарваши е добитник на бројни награди во Унгарија и во странство.[2]

Негови поважни дела се:[3]

  • Грмушките од рози во Веинхаген (раскази), 1993 година
  • Под цртата (новели), 1994 година, објавени под псевдонимот Ерне Сив
  • Тага од типот Боргогнонија (раскази), 1994 година
  • Клеофа - цртан роман (раскази), 1995 година
  • Како да се заведе госпоѓицата библиотекарка (есеи), 1997 година, објавени под псевдонимот Ерне Сив
  • Мојата љубов, другарката Думумба (раскази), 1998 година
  • Легенда за уметникот в солзи (роман), 1999 година
  • Да се набави една жена (раскази), 2000 година
  • Шинтерите од Лојанг (раскази), 2002 година
  • Собрани љубови, 2003 година

Наводи

уреди
  1. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 227.
  2. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
  3. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 227.