Лавци (Ресенско)

село во Општина Ресен
(Пренасочено од Лавци, Преспанско)

Лавци (или Влашци) — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.

Лавци
Лавци во рамките на Македонија
Лавци
Местоположба на Лавци во Македонија
Лавци на карта

Карта

Координати 41°02′43″N 20°57′16″E / 41.04528° СГШ; 20.95444° ИГД / 41.04528; 20.95444
Општина Ресен
Население 118 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23023
Лавци на општинската карта

Атарот на Лавци во рамките на општината
Лавци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Лавци се наоѓа 6,5 км југозападно од Ресен во воздушна линија сметано од средиштата на населените места. Соседни села се: Прељубје (на југ; 1,2 км), Дрмени (на запад; 3,3 км), Царев Двор (на запад; 3,6 км), Горно Дупени (на североисток; 2,2 км), Евла (на север; 3,4 км).

Историја

уреди

Во 1468 г. селото било мулк (имот) на извесен Мурат. Заведени се жителите Никола, син на Мано; Радоја, син на Боѓол; поп Петре; Томко (или Думко), зет на Васил; Јован, син на Томко; Дујко, сиромав; Димитри Приезда; Миле, син на Стале; Радан, сиромав; Радослав, Србин; Раде, сиромав; Никола, син на Мануил; Крајо, брат на Добре; Миле, син на Бојко; Петко, син на Ѓорго; Божик, сиромав; Драгош Петко; Пејо, син на Драгош; Дујко, син на Черп; Добре, син на Преспанчанецот; Раде, син на Калуќер; вдовица Рада; Димитри, син на Тодор; Димитри, син на Мартин; Никола, син на Димитри; Музак, син на Черп; Велко, син на Черп; Стајко, говедар; Бојко, син на Драго; Пројо, син на Пејо; Миле, син на Черп, зет на Димче; Никола, син на Димитри. Броело 33 семејства, 1 вдовица, па вкупно 169 жители, кои таа година платиле 3.788 акчиња данок — 1.200 само ушур за лозје и 825 акчиња за испенџе. Плаќале за лен, свилена буба, свињи и улишта, бостан, свадбарина и нијабет.

Во дефтер од 1519 г. Влашци имало 98 христијански домаќинства, 4 вдовици христијанки и 10 ергени христијани. Во дефтерот од 1583 се води со 93 христијански семејства, 38 ергени христијани и 1 муслиман кој имал баштина (задолжбина).[2]

Влашци спаѓало во средно развиените селски населби. За последен пат се споменува во 1568 г. како населено место со 192 жители.[3]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948305—    
1953333+9.2%
1961339+1.8%
1971312−8.0%
1981358+14.7%
ГодинаНас.±%
1991201−43.9%
1994145−27.9%
2002134−7.6%
2021118−11.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавци живееле 276 жители, од кои 150 Турци, 120 Македонци и 6 Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 100 Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 13 Македонци, 6 Албанци, 98 Турци и 1 останат.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 305
1953 126 206 1 333
1961 121 1 217 339
1971 103 209 312
1981 97 16 241 4 358
1991 28 4 164 5 201
1994 28 4 113 145
2002 18 2 113 1 134
2002 13 6 98 1 118

Родови

уреди
 
Куќа во западниот дел на Лавци.

Лавци е македонско-турско село.

  • Македонски родови се: Андоновци, Бојчевци, Гештаковци, Жиловци, Таневци (доселени од Коњско во 1934 година), Колевци, Мркачовци, Пандевци и Перовци (доселени од Перово).
  • Турски родови се: Алиовци, Зеќировци, Јашаровци, Јуруковци, Резаковци, Селимовци и Шаиновци.[7]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци и со непознато потекло: Жиловци (8 к.)
  • Доселеници: Андоновци (4 к.) доселени се од селото Прељубје; Коњцкари со Ивановци и Тасевци (3 к.) доселени се во 1914 година од селото Коњско. Подалечно потекло од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа; Пандевци (5 к.) доселени се во 1915 од селото Волкодери; Перовци и Голицовци (1 к.) доселени се од селото Перово; Колевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Шурленци; Мркачовци (2 к.) доселени се од селото Горно Дупени;

Муслимански

  • Староседелци: Шаиновци (9 к.) и Јашаревци (8 к.)
  • Доселеници: Алиовци (17 к.) доселени се од некое место Пеќиште.[8]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1665 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на Акиф Селимовски.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Манастирот „Св. Петка“.
 
Црквата „Св. Атанасиј“ и Старата џамија.
 
Новата џамија.
Верски храмови
Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Соколоски, Методија. „Преспанската нахија во текот на XVI век“ (PDF). Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Скопје: 123. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-28.
  3. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 93. ISBN 978-608-65616-4-2.. Во изворот погрешно се води како Демирхисарско, но всушност се работи за друго име на ова Лавци.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  8. Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  13. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди