Улиште

вештачко живеалиште за чување пчели

Улиште, кошница[1] или кошар[2] — вештачко живеалиште за медоносни пчели, направено од пчелар за нивно чување во пчеларник. Во едно улиште живее едно пчелно семејство. Градбата на улиштето го одредува системот за нега на пчелите. Во современото пчеларство, улиштето е алатка што се користи за искористување на пчелната заедница. Истовремено преку улиштето се уредуваат нагоните на медоносните пчели, со примена на други начини.[3][4]

Улишта

Зборот „улиште“ може да значи и самите пчели од една кошница, и преносно значење за грд човек, страшило.[5]

Наводи

уреди
  1. „кошница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „кошар“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. University of Florida - Apis cerana - http://entnemdept.ufl.edu/creatures/misc/bees/Apis_cerana.htm
  4. „Chapter 10 – Honey“ (PDF). fs.fed.us. USDA. Архивирано од изворникот (PDF) на 5 July 2017. Посетено на 2 May 2018.
  5. „улиште“Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски

уреди