Кумлија

село во Валовишко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Кумли)
Ова е објавената верзија, проверена на 1 април 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Кумлија или Кумли (грчки: Αμμουδιά, Амудија, до 1926 г. Κουμλή, Кумли[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението е мешавина од староседелски Македонци и грчки колонисти.[3]

Кумлија
Αμμουδιά
Кумлија is located in Грција
Кумлија
Кумлија
Местоположба во областа
Кумлија во рамките на Долна Џумаја (општина)
Кумлија
Местоположба на Кумлија во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°8.36′N 23°20.7′E / 41.13933° СГШ; 23.3450° ИГД / 41.13933; 23.3450
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаПросеник
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно668
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на 24 км северозападно од градот Сер и на 9 км северозападно од Просеник.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX и почетокот на XX век Кумлија било село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кушлиј (Kouchlii) е село со 105 домаќинства сочинети од 50 муслимани и 270 Македонци.[4][5] Во него работела грчката пропаганда.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Кумли, село и чифлик на Ј од Валовишта 1 час до Струма. Сите земјоделци. 10 куќи турски со 120 македонски.[6] Има грчка црква и грчко училиште со околу 30 ученици.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кумлија броела 750 жители Македонци, 150 Турци и 45 Роми.[4][8]

Сите христијани во Кумлија биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 640 Македонци егзархисти.[4][9]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Кумлија имала 871 жител, но во 1920 г. населението се намалило на 544 лица.[3] Ова се должи на фактот што извесен дел од населението се преселило во Бугарија. Во 1924 г. муслиманските жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор.[3] На местото на иселените властите довеле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Кумлија е претставена како мешано село со 820 жители,[3] од кои 103 лица (30 семејства) биле дојденци, а останатите мештани.[10] Во 1926 г. селото е преименувано во Амудија, преведувајќи го изворното турско име со значење „песокливо“.

Месности во Кумлија преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Марковица[11] Μορκοβίτσα Тригонон Τρίγωνον[12] месност на Ј од Кулмија[11]
Асанка[11] Άσάνκα Платома Πλάτωμα[12] месност на ЈИ од Кулмија[11]
Мисир Трласи[13] или Месирали[11] Μεσίραλι Каламбокиес Καλαμποκιές[12] ниви[13] на СЗ од Кумлија[11]
Чаутка Τσαούτκα Ставродроми Σταυροδρόμι[12]
Горни Азмак Άνω Άσμάκι Хорисма Χώρισμα[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.153 1.334 1.590 1.195 1.262 1.145 1.124 992
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
  • Апостол Митев (1881/1882 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, III чета на XIV Воденска дружина[14]
  • Димо Митев — борец во МОО, I чета на IX Велешка дружина, ранет на 7 ноември 1912 г.[15]
  • Христос Пападопулос — гркомански андарт[16]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 199. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  13. 13,0 13,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 160.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 445. ISBN 954-9800-52-0.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 446. ISBN 954-9800-52-0.
  16. Συλλογή Φωτογραφιών, Архивирано од изворникот на 2016-03-04, Посетено на 2013-01-27