Кула (Челопек)
„Кула“
| |
Местоположба | 42°13′37″N 21°49′35″E / 42.22694° СГШ; 21.82639° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Челопек |
Општина | Старо Нагоричане |
Тип | |
Период | праисторија |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Кула — археолошко наоѓалиште во кумановското село Челопек. Претставува населба, кастел со некропола од праисторија и доцна антика. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото и на околу 15 км североисточно од Куманово. Лежи речиси на средината од еден долг гребен што почнува од врвот Чука и завршува во долината на реката Пчиња. Покрај источниот крај поминува патот што ги поврзува Кумановската и Врањанската област. Кула претставува долга тераса, со мошне стрмни и речиси непристапни страни, со исклучок на источната која косо паѓа до реката. На површината се распознаваат остатоциод темели на бедем, а има и повеќе гробни конструкции разоткриени од ерозијата. Неколку гробови се прекопани од диви копачи. Според конструкциите и позицијата на гробовите, сосема е сигурнодека некрополата е од доцна антика (IV-VI век) и му припаѓала на населението од кастелот. Приближно на средината од северниот раб на висорамнинката се најдени и фрагменти од атипична праисториска керамика.[1]
Поврзано
уредиПоврзано
уреди- Добросељане — населба од римското време;
- Кула — праисториска населба, кастел со некропола од доцноантичкото време;
- Пузалка — некропола од римското време;
- Челопек;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 224, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |