Добросељане (Челопек)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Добросељане

Карта

Местоположба 42°13′37″N 21°49′35″E / 42.22694° СГШ; 21.82639° ИГД / 42.22694; 21.82639
Основни податоци
Место Челопек
Општина Старо Нагоричане
Тип

 населба  кастел  некропола

Период римско време
Портал „Археологија“

Добросељане археолошко наоѓалиште во кумановското село Челопек. Претставува населба од римско време. Се наоѓа источно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, во реонот на Драгомански мост. Во нивите на Д. Филиповски, Г. Стоевски и С. Цветановски, на површина од околу 50 декари се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Откриени се и повеќе питоси, водоводни цевки и монети. Според кажувањето на мештаните, била најдена оловна плоча тешка 20 кг. Во 1976 година, пред изградбата на фабриката за чевли „ЧИК“, погон „Челопек“, се извршени заштитни археолошки истражувања. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 224, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069