Ксироливадо
Ксироливадо или Ксироливадон (грчки: Ξηρολίβαδο, книжевно: Ξηρολίβαδον, Ксироливадон) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Ксироливадо Ξηρολίβαδο | |
---|---|
Координати: 40°28′N 22°05′E / 40.467° СГШ; 22.083° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 1,220 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 96 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Мреж. место | xirolivado.gr |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено на североисточните падини на планината Дурла, на надморска височина од 1.220 метри.[2][3] Оддалечено е 19 километри од градот Бер.
Крај самото село се наоѓа мало езеро, наречено Бара.[4][5] Денес, во селото постојат 350 куќи.
Историја
уредиСелото во минатото било доста големо, па така според К’нчов во него живееле 850 влашки сточарски жители. Сепак, најверојатно селото било целосно уништено во текот на Балканските војни, бидејќи воопшто не се споменува во одржаните пописи во 1913 и 1920 година.
Стопанство
уредиПоради својата висока надморска височина, селото е свртено кон сточарството и најчесто во него живееле сточари, кои ги носеле своите стада околу селото.
Население
уредиВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во „КсероливадоН“ живеат 850 Власи христијани.[6] Слични податоци дава и секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), според кој во 1905 година во Ксероливадон имало 850 Власи.[7]
Во пописите од 1913 и 1920 година, селото воопшто не се споменува како населба. На наредниот попис во 1928 година, во селото биле забележани 40 жители, сите од машки пол, што ни говори дека се работи за сточари кои тука само ги паселе своите стада, а во 1940 година дури 645 жители. Повторно, најверојатно се работи за Власи сточари, кои престојувале во селото, заедно со нивните семејства. Селото, кое и натаму повремено се користи за истата цел, особено во летниот период, во пописот од 1951 година не се спомнува, додека во 1961 година е регистрирано со 7 жители, во 1971 година со двајца, во 1981 година со 54, а во 1991 година со 117 жители.[2]
Според пописот во 2001 година, селото имало 39 жители. Според последниот попис во Грција од 2011 година, селото имало 96 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 645 | — | 7 | 2 | 54 | 117 | 39 | 96 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долјани, во кој покрај Ксироливадо се наоѓа и селото Долјани.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 16.
- ↑ Во книгата е наведена надморска височина од 540 метри.
- ↑ „Δήμος Βέροιας. Ξηρολίβαδο“. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2016-02-24.
- ↑ Πολιτιστικός σύλλογος Ξηρολίβαδο
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, p.224-225.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место (грчки)