Дончо Тодоров

български революционер

Дончо Тодоров Гаjдарџиски бил бугарски офицер и македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, подоцна преминал на турска страна.

Дончо Тодоров
Роден 1877
Стара Загора, Бугарија
Починал 30 септември 1913
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Роден е во 1877 година во градот Стара Загора. Бил подофицер во бугарската армија. Ја напушта службата и влегува во ВМОРО. Во 1904 година е четник во Тетовско, каде е секретар на војводата Никола од Долно Јеловце, а во 1905 година е самостоен војвода во Скопско. Потоа повторно станува четник во четата на Иван Наумов Алабакот. Од есента 1906 до крајот на 1907 година е војвода во Кичевско и ги помага двајцата реонски војводи Павле Наумов и Крсте Алексов. Во летото 1907 година заедно со војводата Ефтим Божинов ликвидираат неколку Турци во Кичевско.

По Хуриетот во 1908 година Тодоров преминува на страната на Младотурците. Почнува да го собира оружјето на кичевските дејци на ВМОРО и предводи турска потера. Води борба со четата на Михаил Радев Странџа во месноста Балтин при село Зашле, Крушовско. На 31 мај 1911 година потера на Тодоров го убива од заседа славен војвода Блаже Крстев Биринчето.

Тодоров учествува во Првата балканска војна на турска страна и бил заробен од бугарските сили по падот на Одрин во 1913 година. Амнестиран и пристапил во Македонско-одринското ополчение, како ополченец се борел против Србите во борбите при Султан тепе во Втората балканска воjна. Награден е со орден "За храброст" II степен. Убиен е во Софија во 1913 година од војводата Михаил Радев, кој е уапсен, но подоцна убиецот бил ослободен [1].

Извори

уреди
  1. Революционната дейность въ Демирхисаръ (битолско) по спомени на Алексо Стефановъ (Демирхисарски войвода). Съобщава Боянъ Мирчевъ (Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ”, София. — Печатница П. Глушковъ. — 1931) Материали за историята на македонското освободително движение, книга XI, стр. 94 - 96.