Крапешино
Крапешино или Крапештина (грчки: Ατραπός, Атрапос) - село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2011 година селото броело 150 жители.
Крапешино Ατραπός | |
---|---|
Координати: 40°44′N 21°25′E / 40.733° СГШ; 21.417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Крапешино |
Надм. вис. | 880 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 150 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиКрапешино е сместено на јужните падини на планината Лута, 6 км оддалечено од Лерин. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. Вкупната површина на селскиот атар е 24 км2[2].
Историја
уредиСпоред преданието селото било основано на крајот на 18 или почетокот на XIX век од Крапо, Влав по народност, по кого селото го добило името[2].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крапештина се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[3]
Во Грчката граѓанска војна селото не настрадало многу, но заради неподносливата состојба околу 20 семејства пребегнале во Република Македонија и источноевропските земји[2].
Демографија
уредиНа почетокот на XX век според К’нчов селото броело 320 жители, а Милоевиќ наведува 70 македонски куќи. Меѓу двете светски војни во прекуокеанските земји емигрирале 53 лица, од кои извесен број ги повлекле и своите семејства. Движењето на населениото по години е следното[2]:
- 1913 - 430 жители
- 1920 - 502 жители
- 1928 - 543 жители
- 1940 - 508 жители
- 1951 - 466 жители
- 1961 - 318 жители
- 1971 - 219 жители
- 1981 - 160 жители
- 1991 - 199 жители
Стопанство
уредиОсновни стопански гранки на населението се земјоделието и сточарството. Главни производи се жито и грав.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 158.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.