Кочан (Драмско)
Кочан (Кочен или Кончен; грчки: Κοντσάν, Концан)[1] — поранешно во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Просечен на Драмскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до неговото реселување, било населено со Македонци-муслимани.[2]
Кочан Κοντσάν | |
---|---|
Координати: 41°15.48′N 24°3.40′E / 41.25800° СГШ; 24.05667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Просечен |
Население | |
• Вкупно | напуштено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во јужните падини на планината Боздаг (Мраморица), 2 км над селото Боболец, северозапдно од Драма.
Историја
уредиКочан за првпат се среќава во записник на соколарите од 1477 г. со 21 муслимански соколарски семејства, од кои 7 имале под едно рало земја[3], 1 бенак (со половина рало или помалку) и 13 неженети.[4]
По припојувањето на селото кон Грција, во 1913 г. селото е заведено како напуштено, но на пописот од 1920 г. Кочан имал 173 жители.[2] Во 1923 г. жителите на селото, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Познато е дека се населиле околу градот Узунќопру некаде меѓу 1923 и 1934 г. Селото потоа не било обновено.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Simovski, Todor. Atlas Of The Inhabited Places Of The Aegean Macedonia. Ankara: Türk Tarih Kurumu. стр. 62. ISBN 975-16-1103-2.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 174.
- ↑ Старинска мерка еднаква на површина која може да се изора од едно рало волови (вид. рало на ДРМЈ), што е од 6,5 до 15 ха, зависно од видот на почвата)
- ↑ Цветанкова, Бистра; Мутафчиева, Вера (1964). Турски извори за българската история. Том I. София: Българска академия на науките. стр. 182.