Косовска битка (1915)
Косовска операција или битка на Косово— трета голема битка во историјата која се одвила на Косово Поле, која се одвила помеѓу 10 ноември 1915 до 4 декември 1915 година. Српскиот пораз во оваа битка довело до српско повлекување преку Албанија.
Косовска битка | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Србија во Првата светска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
![]() ![]() ![]() | ![]() |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() | ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Сила | |||||||
![]() ![]() ![]() ![]() | 150,000 [2] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
големи | 30,000 |
Битката започнала со напад на Јужна Морава од страна на Бугарската Прва Армија и завршила со целосен пораз на српската армија. Главниот удар го направила Првата армија во правец на Ниш-Приштина. За 2 дена, српската војска го освоила Прокупље, каде што се појавил и краткотраен отпор.
Во голема мера побројна српска војска се повлекла. Србите се обиделе со очаен противнапад кон Врање и Куманово за да им се придружат на англо-француските војници, но повторно биле поразени. Шестата и деветтата пешадиска дивизија на Првата армија лесно ја освоила Приштина на 24 ноември. Тогаш целокупната бугарска армија, поддржана од север со делови од 11-тата германска армија и австроунгарска трета армија започнала целосен напад. Битката завршила на 4 декември кога Дебар бил освоен. Србите изгубиле 30.000 војници и огромна количина на друга воена опрема. Српската војска потоа се повлекла во Албанија, а на крајот била пренесена на грчкиот остров Крф.