Хаити (остров)

остров во Карибите

Островот Хаити,[3] познат и како Хиспаниола (шпански: La Española) — втор по големина остров на Карибите со површина од 76.480 км2. Се наоѓа на исток-југоисток од Куба. Островот е поделен на две суверени држави: Хаити и Доминиканска Република.

Хаити
La Española  (шпански)
Hispaniola  (француски)
Ispayola  (јазик?)
Ayiti  (јазик?)
Сателитска снимка, 2008
Географија
МестоКарипско Море
Координати19°N 71°W / 19° СГШ; 71° ЗГД / 19; -71
АрхипелагГолеми Антили
Поголеми островиГонаве

Саона
Наваса

Беата
Површина76.192 км2
Подреденост по површина22
Брегова линија3.059 км
Највисоко место3.175 м[1]
Највисока точкаПико Дуарте
Држава
Главен и најголем градСанто Доминго (pop. 2,201,941)
Опфатена површина48,445 км2
Главен и најголем градПорт о Пренс (pop. 1,234,742)
Опфатена површина27,747 км2
Демографија
Население22,278,000[2] (2020)
Густина280,8 /km2 (7.273 /sq mi)

Откривање

уреди
 
Островот Хаити

Кога Кристофер Колумбо стигнал на островов во 1492 г., во својот дневник напишал: Пред очи ми е островот Ла Еспањола, најубавата земја што човечкото око некогаш ја видело.

Политичка поделба

уреди

Поголемиот, источен дел од островот ѝ припаѓа на Доминиканската Република, а на помалиот, западен дел е државата Хаити .

Потекло на името

уреди

Домородците островот го нарекувале Квискеја (Quisqueya) или Хајти (Hayti - планинска земја), од каде што потекнува денешното име на „Хаити“. Името на почетокот се однесувало на целиот остров.Кристофер Колумбо островот го нарекол Шпански Остров (La Isla Española), а Англичаните го прилагодиле името на својот јазик, па денес се вика Хиспаниола.

Островот Хиспаниола во колонијалното време бил поделен на шпански источен дел наречен по истоимениот град Санто Доминго (шпански: Santo Domingo) и француски западен дел наречен Сен Доминг (фран: Saint Domingue). Од источниот дел се развила државата Доминиканска Република, а во западниот дел Хаити, кој своевремено бил поделен на северен Хаити и јужен дел именуван како Република Мулат.

Географија

уреди

Хаити, Јамајка, Куба и Порторико познати се заедно како Големи Антили. Се состојат од континентални карпи за разлика од Малите Антили кои се претежно од вулканско или корално потекло.

Долж островот се протегаат пет планински венци. Централните Кордиљери се протегаат од јужниот брег сè до северозападниот дел на островот, каде што го викаат Северен масив. Во оваа верига се наоѓа и највисокиот рид на Карибите со 3.175 m. Паралелно на овој планински венец, се простираат Септентрионските (Северни) Кордиљери, кои почнуваат долж северниот брег на островот и на исток, како полуостров Самана, завршуваат во Атлантикот.

Сиера де Неиба се издигнува на југозапад од Доминикана и се протега кон северозападот на Хаити каде што го менува името во Црни Планини (Фра: Montagnes Noires). Меѓу Северниот масив и Црните Планини се наоѓа централна низина.

Јужниот венец Сиера Баоруко и се протега кон запад, менувајќи го името во Масив де ла Селе и Масив де ла Хоте и го формира југозападниот полуостров на Хаити. Во тој венец е највисокиот врв на Хаити со 2 715 м. Паралелно на овој венец има долина на чиј западен крај се наоѓа главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Во долината има неколку солени езера, меѓу кои е и Сауматре Лагуната на Хаити, а во Доминиканската Република е езерото Енрикиљо кое е под нивото на морето и е најниската точка на Карибите.

Клима, растенија и животни

уреди

Воопштено, климата на Островот Хаити е влажна и тропска. Но, на островот има четири различни поттипови на клима. Дождовните шуми покриваат околу 50% од островот, најчести се во северните и источните делови, и претежно во низините, а во некои делови и до надморска височина од 2.000 m. Подрачјата со „суви“ шуми покриваат 20% од површината, најчесто по ридовите на јужната и западната страна, кои со ридови се заштитени од дождовите што доаѓаат најчесто од Атлантикот, како и во долината Цибао во средиштето на северниот дел на островот. Во ридските делови, на надморска височина над 850m, се наоѓаат хиспаниолските борови шуми така што областа повеќе потсетува на Алпите отколку на Карибите. Мочуришното подрачје Енрикиљо се состои од поплавени ливади и савани кои опкружуваат многу езера, од кои истоименото е најпознато. Во ова езеро живеат единствените крокодили на островот.

Историја

уреди

До 1492, островот бил населен од Таино Индијанците - Аравакани кои островот го нарекувале Квискеја или Хајти. Нивниот број кога пристигнал Колумбо се проценува дека се движи од околу 400.000 до еден милион. Карибите кои не се домородно население дошле на островот во 14 век, по претходните миграции на Араваканите.

Араваканите потекнуваат од делтата на Ориноко во денешна Венецуела и тие од 7 век п.н.е. преку Малите Антили постепено ги населувале островите на Карипското Море. Како народ ги снемува од островот Хаити во шеснаесетиот век.

Во 1586, градот Санто Доминго на јужниот брег на Хиспаниола бил нападнат од англискиот пират Френсис Дрејк. Во средината на 17 век, западниот брег на островот бил засолниште за буканирите кои ограбувале шпански имоти и трговски бродови. Француските гувернери благонаклоно гледале на месните пирати бидејќи им се допаѓало слабеењето на шпанската моќ во тој дел од светот. Островот Тортуга во близина на северозападниот брег на Островот Хаити бил во тоа време најпознатото пиратско засолниште на Карибите.

Население

уреди

Островот Хаити е најнаселен Карипски остров со население од скоро 22 милиони жители. (2019)

Бидејќи на островот има две земји со различно минато, ниту населението не е сосема исто. На Хаити доминира црното население, додека во Доминиканската Република доминира мешано население.

Населението во Доминиканската Република (10,35 милиони жители) зборува шпански јазик. Римокатолицизмот е доминантна религија.

Населението во Хаити (11,58 милиони жители) е франкофонско. Иако францускиот е официјален јазик, него го зборува образованото и богато малцинство, а речиси целото население зборува хаитско креолски јазик, еден од неколкуте креолски јазици кои потекнуваат од францускиот јазик. Римокатолицизмот е доминантна религија, практикувана од повеќе од 50% од населението, иако во некои случаи во комбинација со Хаитското вуду верување. Останатиот дел од 25% припаѓаат на протестантската црква.[4] Хаити стана првата црна република[5] во светот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The World Factbook — Central Intelligence Agency“. cia.gov. Архивирано од изворникот на 2018-11-23. Посетено на 2021-11-14.
  2. Haiti & The Dominican Republic IMF population estimates.
  3. „Хаити | Македонски.гов.мк“. makedonski.gov.mk. Посетено на 2021-11-14.
  4. „The World Factbook“. Cia.gov.
  5. „Haitians Heroes“ (PDF). Palmbeachschools.org. Архивирано од изворникот (PDF) на октомври 21, 2013.