Коле Арсовски
Коле Герасимов Арсовски (11 ноември 1925 во Горно Кратово, Кратовско — 1945 во Загреб, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Коле Арсовски | ||
Роден | 11 ноември, 1925 година Горно Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | мај, 1945 година Загреб, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнува од крајно бедно земјоделско семејство. Недостапноста на училиштето за широките народни маси во Кралство Југославија, го остава неписмен. Самиот ја почувствувал оваа неправда и свој недостаток. Вложил сопствен напор ѝ научил ѝ да чита и да пишува. Како овчарче, пасејќи го стадото овци на падините на планината Лисец-Кратовско, воспоставил врска со Народноослободителната војска на Македонија. Средбите со партизаните кај него развиле симпатии кон НОВ и револуцијата, по што самиот решава да се вклучи и да го даде својот придонес во борбите против окупаторот и домашните предавници (бугаромани), а за ослободување на својата татковина Македонија.[1]
Во почетокот на септември 1944 година, го оставил своето стадо на еден свој пријател и се приклучил кон народноослободителната војска. Од тој ден учествува во сите борби на бригадата. Бил испратен ѝ на Сремскиот фронт. По конечното ослободување на Југославија учествувал во борбите за прочистување на Југославија од остатоците на усташките банди. Во една борба, во близината на Загреб, бил смртно погоден и подлегнал на раните, во втората половина на мај 1945 година.[1]