Книга на Страшниот суд
Книга на Страшниот суд (староанглиски: Domesday Book; латински: Liber de Wintonia — „Винчестерска книга“) или Книга на Судниот ден — збирка материјали од првиот општ попис на земјиштето во Средновековна Европа, спроведен во Англија во 1085–1086 г. по наредба на Вилијам Освојувачот. Пописните материјали претставуваат невиден извор на информации за општествениот, економскиот и демографскиот развој на Англија во XI век.[1] Поточно, податоците од пописот ни овозможуваат да извлечеме заклучоци за населението на Англија во оваа епоха. Но поради нецелосните податоци и употребата на различни начини на пресметка од различни писатели, таа е многу поинаку определена, во опсег од приближно 1,3 до 2,5 милиони луѓе. Насловот на книгата се однесува на библискиот Суден ден, кога сите луѓе мора да се соочат пред целосен список на нивните дела.[2][3]
Книга на Страшниот суд | |
---|---|
Национална архива, Кју, Лондон | |
Гравура на Книгата на Страшниот суд од 1900 г. | |
Наречен(а) и | Книга на Судниот ден Винчестерска книга |
Година на изработка | 1086 г. |
Место на изработка | Англија |
Изворен јазик | средновековен латински |
Вилијам Освојувачот сакал да ги знае подробностите за земјата што ја освоил — Англија. Тој им дозволил на неговите рицари и барони да имаат големи површини земја, а за возврат барал од нив да му плаќаат кирија. Книгата на Страшниот суд била запис за секоја фарма, село и куќа, за тој да знаел колку кирија требало да добие. Само некои селца од селскиот предел ги нема во книгата. Големите градови како Лондон и Винчестер, исто така, не се во Книгата на Страшниот суд, можеби поради нивната големина или затоа што луѓето не поседувале земја, што значи дека не можеле да се оданочат.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Domesday Book“. Merriam-Webster Online. Архивирано од изворникот 8 February 2012. Посетено на 13 October 2011.
- ↑ The Anglo-Saxon Chronicle. Преведено од Giles, J. A.; Ingram, J. Project Gutenberg. 1996. Архивирано од изворникот 29 June 2011. Посетено на 6 November 2016.
- ↑ „Domesday Book“. Dictionary.com.
- ↑ „The Domesday Book Online - Frequently Asked Questions“. domesdaybook.co.uk. Посетено на December 19, 2010.
Надворешни врски
уреди„Domesday Book“ на Ризницата ? |
- Focus on Domesday
- Searchable index of landholders in 1066 and 1087 Архивирано на 5 декември 2015 г.
- Commercial Site selling Domesday Book
- Doomsday Book
- Open Domesday — Интерактивна карта, наведувајќи ги подробностите за секој имот или поседувања на секој наемател, како и слики со висока острина од изворниот ракопис.