Кистринер Форланд

Кистринер Форланд (германски: Küstriner Vorland, полски: Kostrzyn) — општина во округот Меркиш-Одерланд, во Бранденбург, Германија, на границата со Полска.

Кистринер Форланд
Тврдина Горгаст
Тврдина Горгаст
Тврдина Горгаст
Грб на Кистринер Форланд
Кистринер Форланд во рамките на Германија
Кистринер Форланд
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Меркиш-Одерланд
Месна заед. Голцов
Месни единици 3
Градоначалник Бернд Корб (WG IGKV)
Основни податоци
Површина 45,97 км2
Надм. височина 10 м
Население 2.549 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 55 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MOL
Пошт. бр. 15328
Повик. бр. 033472
Портал www.kuestriner-vorland.de
Местоположба на Кистринер Форланд во рамките на округот Меркиш-Одерланд
Карта
Карта
Координати 52°34′6″N 14°36′35″E / 52.56833° СГШ; 14.60972° ИГД / 52.56833; 14.60972

Историја

уреди

Општината била основана на 1 јануари 1998 со спојување на Кистрин-Киц со селата Горгаст и Маншнов. Кистринер Форланд е дел од општинската заедница Голцов.

Селото Кистрин-Киц бил западниот дел од Кистрин (денес полскиот град Костшин на Одра) до поделбата и спроведувањето на границата Одра-Ниса во 1945. Градските делови западно од реката Одра припаднале на Источна Германија и биле преименувани во Киц во 1954. Во 1991 жителте изгласале враќање на историското име.

Припоеното село Горгаст (полски: Горгошч[2]), некогаш седиште на Редот на Светиот Јован, поседува историска тврдина завршена во 1889, како дел од системот за утврдување Кистрин и парк направен според плановите на Петер Јозеф Лене.

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
  2. Mapa Polski 1:500 000 Wojskowy Instytut Geograficzny Sztabu Generalnego W.P., Warszawa 1947