Меркиш-Одерланд
Меркиш-Одерланд (германски: Märkisch-Oderland) — округ во источниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) округот Барним, државата Полска, слободниот град Франкфурт на Одра, округот Одра-Шпре и сојузната покраина Берлин. Административното седиште на округот е во Зелов, додека најголем град е Штраусберг.
Меркиш-Одерланд | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Зелов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2.127,7 км2 (8,215 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 200.292 | ||
• Густина | 9,4/км2 (24/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | MOL | ||
Мреж. место | maerkisch-oderland.de |
Географија
уредиОкругот се протега од Берлин до реката Одра и полската граница на исток. Вклучува мочуришна областа долж Одра позната како Одербрух („Oderbruch“), околу 60 километри во должина и 17 километри во ширина. Одербрух била првично исушена и населена во 18 век. Остатокот на округот е главно земјоделски.
Историја
уредиОкругот потекнува од округот Лебус и Обербарним, кои биле создадени во 1816. Округот Лебус потекнува од Ланд Лебус (Land Lebus), област околу градот Лебус. Во 1863 Зелов станал седиште на окружната администрација на Лебус, а во 1950 округот бил преименуван во Зелов (Kreis Seelow). Во 1952 окрузите биле поделени на три дела, Бад Фрајенвалде, Зелов и Штраусберг. Во 1993, трите дела биле споени за да го создадат моменталниот округ - новото име се однесува на земјата од Северната марка на реката Одра.
Грб
уредиГрбот го покажува орелот на Бранденбург во горната половина. Долната половина исто така покажува грб на поранешниот грб Обербарним. Во долната половина се наоѓаат две куки и ѕвезда, преземени од грбот на поранешниот округ Зелов. Брановитата линија ја покажува реката Одра.
Градови и општини
уредиСлободни градови | Општински заедници | |
---|---|---|
Слободни општини |
1. Барним-Одербрух 3. Голцов 4. Лебус |
7. Зелов-Ланд |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Меркиш-Одерланд“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Историја и информации Архивирано на 18 април 2008 г. (германски)