Келераба или алабаш (латински: Brassica oleracea var. gongylodes) - двегодишно растение што се употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура.[1]

Келераба
Алабаш со лисја
ВидBrassica oleracea
Сортна групаGongylodes Group
Членови на групатамногу; види го текстот.
Келераба, сирова
Хранлива вредност на 100 г
6,2 g
Шеќери2,6 g
Влакна3,6 g
0.1 g
1,7 g
Витамини
Витамин А (екв.)
(0 %)
2 μг
Тиамин 1)
(4 %)
0,05 мг
Рибофлавин 2)
(2 %)
0,02 мг
Ниацин 3)
(3 %)
0,4 мг
Пантот. кис. 5)
(3 %)
0,165 мг
Витамин Б6
(12 %)
0,15 мг
Фолна кис. 9)
(4 %)
16 μг
Витамин Б12
(0 %)
0 μг
Витамин Ц
(75 %)
62 мг
Витамин Д
(0 %)
0 μг
Витамин Е
(3 %)
0,48 мг
Витамин К
(0 %)
0,1 мг
Минерали
Калциум
(2 %)
24 мг
Железо
(3 %)
0,4 мг
Магнезиум
(5 %)
19 мг
Манган
(7 %)
0,139 мг
Фосфор
(7 %)
46 мг
Калиум
(7 %)
350 мг
Селен
(1 %)
0,7 μг
Натриум
(1 %)
20 мг
Други состојки
Вода91,00 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Распространетост

уреди

Келерабата е омилена во Германија и во Индија, а најмногу се одгледува во Северна и Западна Европа, од каде што потекнува. Таа е култивирана сорта на дивата зелка, а името потекнува од германските зборови за зелка (kohl) и репка (rube), бидејќи потсетува на овие две билки.

Градба и состав

уреди

Структурата и вкусот на келерабата се слични на срцевината на зелката, но постојат неколку сорти келераба, кои се разликуваат по вкусот и по бојата (од светлозелена до темновиолетова). Келерабата (лисјата и стеблото) се јаде само додека е млада, а плодот е сочен, мек и вкусен. Таа е богата со витамин Ц (62 милиграми во 100 грама плод), а содржи и провитамин А, фосфор, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, тиамин, ниацин, пантотенска киселина и фолна киселина; содржи малку калории - 6,2% јаглехидрати и 1,7% белковини.[2]

Наводи

уреди
  1. „келераба“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Нискокалоричната келераба е ризница на витаминот Ц“, Здравје, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 22-23.