Кефрен

(Пренасочено од Кафре)

Кефрен (исто така се чита како Кафре, Кафра, Хафра и грчки: Χεφρήν Чефрен) бил древен египетски фараон од Четвртата династија за време на Старото Кралство. Тој бил син на Куфу и престолонаследник на Џедефре. Според античкиот историчар Манетон, Кефрен бил наследен од кралот Бикерис, но според археолошките докази тој бил наследен од кралот Менкауре. Кефрен бил градител на втората најголема пирамида во Гиза. Денес од модерната египтологија во голема мера е прифатено дека Големата сфинга била изградена околу 2500 години  п.н.е. за Кефрен.[2] Не е познато многу за Кефрен, освен историските извештаи на Херодот, кој пишувал 2.000 години подоцна, и кој го опишал како суров и еретички владетел, кој ги чувал египетските храмови затворени откако Хуфу ги запечатил.

Кефрен
Кафре, Кафра, Хафра, Суфис II
Статуа на Кефрен од алабастер, најверојатно од Мемфис, денес се чува во Египетскиот музеј во Каиро
Фараон на Египет
Владеелоколу 26 години, околу 2570 п.н.е.[1], Четврта династија
ПретходникЏедефре
НаследникБикерис (?), Менкауре
СопружнициКамерернебти I, Персенет, Хекенухеџет
ТаткоКуфу
МајкаМерититес I или Хенутсен
ЗакопанХефренова пирамида
СпоменициХефренова пирамида

Семејство

уреди
 
Картуш со името Ка'афре во Кралскиот список од Абидос

Кефрен бил син на кралот Куфу и брат и наследник на Џедефре.[3] Некои сметаат дека Кефрен бил син на кралица Мерититес I поради натпис каде што се вели дека го почитува нејзиното сеќавање.

Други тврдат дека натписот само сугерира дека оваа кралица починала за време на владеењето на Кефрен.[4] Кафрен можеби е син на кралицата Хенутсен.[5]

Кефрен имал неколку жени и имал најмалку 12 синови и 3 или 4 ќерки.

Владее

уреди
 
Кралот Кафрен. Во египетскиот музеј Георг Стеиндорф, Лајпциг

Нема датум за неговото владеење. Некои автори велат дека тоа е помеѓу 2558 п.н.е. и 2532 п.н.е. Оваа династија е најчесто датирана околу. 2650 п.н.е. – 2480 п.н.е. Додека должината на Кралскиот список од Торино за неговото владеење е празна, а Манетон го преувеличува неговото владеење давајќи 66 години. Повеќето научници веруваат дека владеел помеѓу 24 и 26 години, врз основа на датумот на тестаментот на принцот Некуре кој бил врежан на ѕидовите од мастабата на овој принц.

Пирамидален комплекс

уреди
 
Колекција од слајдови, Архива на Музејот во Бруклин
 
Пирамида на Кефрен и Големата сфинга.

Кефрен ја изградил втората најголема пирамида во Гиза, денес наречена Хефренова пирамида. Египетското име на пирамидата било Wer(en)-Khafre што значи „Кафре е голем“.[6]

Пирамидата има подружна пирамида, означена со GII a. Не е јасно кој бил погребан таму. Пронајдени се пломби на најстариот син, и Хоровото име на Кефрен.[6]

Големата сфинга

уреди

Се вели дека сфингата е од времето на Кефрен. Ова е поддржано од близината на сфингата до комплексот на пирамидалниот храм на Кефрен, како и поради одредена сличност (и покрај оштетувањето) на структурата на лицето што се гледа во неговите статуи. Големата сфинга од Гиза можеби била издлабена како чувар на пирамидата на Кефрен, и како симбол на кралската моќ. Таа била обожувана за време на Новото Кралство.[7]

Наводи

уреди
  1. Thomas Schneider: Lexikon der Pharaonen. Albatros, Düsseldorf 2002, ISBN 3-491-96053-3, page 102.
  2. „Sphinx Project: Why Sequence is Important“. 2007. Архивирано од изворникот на July 26, 2010. Посетено на February 27, 2015.
  3. Dodson, Aidan and Hilton, Dyan. The Complete Royal Families of Ancient Egypt. Thames & Hudson. 2004. ISBN 0-500-05128-3
  4. Grajetzki, Ancient Egyptian Queens: A Hieroglyphic Dictionary, Golden House Publications, London, 2005, ISBN 978-0-9547218-9-3
  5. Tyldesley, Joyce. Chronicle of the Queens of Egypt. Thames & Hudson. 2006. ISBN 0-500-05145-3
  6. 6,0 6,1 Porter, Bertha and Moss, Rosalind, Topographical Bibliography of Ancient Egyptian Hieroglyphic Texts, Statues, Reliefs and Paintings Volume III: Memphis, Part I Abu Rawash to Abusir. 2nd edition (revised and augmented by Dr Jaromir Malek, 1974. Retrieved from gizapyramids.org [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.
  7. Markowitz, Haynes, Freed (2002). Egypt in the Age of the Pyramids.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди