Кралски список од Абидос
Кралскиот список од Абидос, исто така познат и како Табла од Абидос, — список на имиња на седумдесет и шест кралеви на Древниот Египет, пронајдени на ѕидот од храмот на Сети I во Абидос, Египет. Се состои од три редови од триесет и осум картуши (граници со името на кралот) во секој ред. Горните два реда содржат имиња на кралевите, додека третиот ред само го повторува престолското и картуш името на Сети I.
Покрај тоа што го дава редоследот на кралевите од Старото Кралство, тоа е единствениот извор за редоследот на имињата на многумина од кралевите на седмата и осмата династија, па списокот се цени многу поради таа причина.
Овој список ги изоставува имињата на многумина претходни фараони кои очигледно се сметале за нелегитимни: како што се Хиксос, Хатшепсут, Ахенатен, Сменахкаре, Тутанкамон и Ај.