Менкауре (исто така Менкаура, египетска транслитерација mn-k3w-Rˁ ), бил антички египетски крал (фараон) од Четвртата династија за време на Старото Кралство, кој е добро познат под неговите хеленизирани имиња Микерин (грчки: Μυκερίνος) (од Херодот) и Менкерес (од Манетон). Според Манетон, тој бил наследник на кралот Бикерис, но според археолошките докази тој бил наследник на кралот Хафре. Африкан (од Георги Синкел) известува за владетелите на четвртата династија: Сорис, Суфис I, Суфис II, Менчерес, Ратоисес, Бихерис, Себерхерес и Тамфтис, по овој редослед.[2] Менкауре станал познат по неговиот гроб, Пирамидата на Менкауре, во Гиза и неговите прекрасни статуи, на кои е прикажан кралот заедно со неговите жени Рекетре и Камерернебти, и со разни богови.

Менкауре
Менкаура, Микерин, Менкерес
Статуа на Менкауре
Египетски музеј, Каиро
Фараон на Египет
Владеел18 до 22 години,[1] почнувајќи од околу 2530 г. п.н.е., четврта династија
ПретходникКафре (најверојатно) или Бикерис
НаследникШепсескаф
СопружнициКамерернебти II, Рекетре ?
ДецаКуенре, Шепсескаф, Кентакус I ?, Секемре
ТаткоКафре
МајкаКамерернебти I
Роден2532
Починалоколу 2500 г. п.н.е.
ЗакопанПирамидата на Менкауре

Семејство

уреди

Менкауре бил син на Кафре и внук на Куфу. Кремен нож пронајден во посмртниот храм на Менкауре ја споменува мајката на кралот Камеренебти I, сугерирајќи дека Кафре и оваа кралица биле родители на Менкауре. Се смета дека Менкауре имал најмалку две жени.

Кралскиот двор вклучувал неколку полубраќа на Менкауре. Неговите браќа Небемакет, Дуаенре, Никауре и Јунмин служеле како везири за време на владеењето на нивниот брат. Неговиот брат Секемкаре можеби бил помлад од него, и станал везир по смртта на Менкауре.[3]

Владеење

уреди
 
Менкауре со божицата Хатор (лево) и божицата Бат (десно). Статуа на Грејваке во музејот Каиро.

Должината на владеењето на Менкауре е неизвесна. Египетскиот историчар Манетон укажува на 63 години, но ова сигурно е претерување. Торинскиот канон е оштетен на самото место каде што треба да го претстави целиот збир на години, но остатоците овозможуваат реконструкција на „..? .. + 8 години владеење“. Египтолозите сметаат дека требало да се напише 18-годишно владеење, што е општо прифатено. Графит на работник од тоа време известува за „годината по 11-то броење на говеда“. Ако броењето на стока се одржувало секоја втора година (како што било традиција барем до кралот Снеферу), Менкауре можел да владее барем 22 години.[4]

Во 2013 година, фрагмент од сфингите на Менкауре бил откриен во Тел Хазор на влезот во градската палата.[5]

Пирамидален комплекс

уреди

Пирамидата на Менкауре во Гиза се викала Нетјер-ер-Менкауре, што значи „Менкауре е божествен“. Оваа пирамида е најмалата од трите главни пирамиди во Гиза. Оваа пирамида има 103,4 метри во основата и 65,5 метри висина.[6] Постојат три подружни пирамиди поврзани со пирамидата на Менкауре.

Овие други пирамиди понекогаш се означени како G-IIIa (источна подружница), G-IIIb (средна подружница) и G-IIIc (подружница западна пирамида). Во капелата поврзана со G-IIIa е пронајдена статуа на кралица. Можно е овие пирамиди да биле наменети за кралиците на Кафре. Можеби Камерернебти II била погребана во една од пирамидите.[3][7]

Долински храм

уреди

Храмот во долината бил главно изграден од тули, структура која била зголемена во петтата или шестата династија. Од овој храм доаѓаат познатите статуи на Менкауре со неговата кралица, и Менкауре со неколку богови.[3]

Посмртен храм

уреди

Во неговиот посмртен храм биле пронајдени повеќе статуи и фрагменти од статуа. Интересно откритие е фрагмент од стапче на кралицата Камерернебти I. Делот сега се наоѓа во музејот за ликовна уметност во Бостон. На Камерернебти ѝ е дадена титулата Мајка на кралот на фрагментот.[3]

Саркофаг

уреди
Погребната просторија на Менкауре денес, и во време на откривањето заедно со изгубениот саркофаг

Во 1837 година, офицерот на англиската армија Ричард Вилијам Хауард Вис и инженерот Џон Шеј Перинг започнале со ископувања во рамки на пирамидата на Менкауре. Во главната погребна комора на пирамидата пронашле голем саркофаг од камен, долг 244 см, 91 см широк, и 89 см висок, изработен од базалт. Саркофагот не бил испишан со хиероглифи, иако бил украсен во стилот на фасадата на палатата. Во непосредна близина на погребната комора биле пронајдени дрвени фрагменти од ковчег со име Менкауре и делумен скелет завиткан во груба крпа. Саркофагот бил отстранет од пирамидата и бил испратен со брод до Британскиот музеј во Лондон, но трговскиот брод Беатрис кој го носел, бил изгубен откако го напуштил пристаништето на Малта, на 13 октомври 1838 година. Останатите материјали биле испратени со посебен брод, а тие материјали сега се наоѓаат во музејот, со изложени остатоци од куќиштето од дрвениот ковчег.

Сега се смета дека ковчегот бил замена направена во многу подоцнежниот период на Саитите. Радио-јаглеродно датирање на пронајдените фрагменти од коски, го поставуваат на уште подоцнежен датум, од коптскиот период во првите векови од нашата ера.[8]

Записи од подоцнежните периоди

уреди

Според Херодот (430 п.н.е.), Менкауре бил син на Куфу (грчки Кеопс), и дека тој го ублажил страдањето на жителите на древниот Египет што го предизвикало владеењето на неговиот татко. Херодот додава дека претрпел голема несреќа: неговата единствена ќерка, чиј труп бил вкопан во дрвен бик (за кој Херодот тврди дека преживеал до негово време), починала пред него. Последователно, пророчиштето кај Буто предвидело дека тој ќе владее само уште шест години.

Во книжевноста

уреди
  • Менкауре бил предмет на поемата на англискиот поет од XIX век Метју Арнолд, со наслов „Микеринус“.
  • Менкауре, со користење на грчката верзија на неговото име, Менчерес, е главен лик во „Ноќен ловец“, серија на книги од Џенин Фрост, што прикажува исклучително стар и моќен вампир кој живее во денешни времиња. Тој е протагонист на една книга во серијата.

Галерија на слики

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Thomas Schneider: Lexikon der Pharaonen. Albatros, Düsseldorf 2002, ISBN 3-491-96053-3, page 163–164.
  2. https://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Manetho/home.html
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Porter, Bertha and Moss, Rosalind, Topographical Bibliography of Ancient Egyptian Hieroglyphic Texts, Statues, Reliefs and Paintings Volume III: Memphis, Part I Abu Rawash to Abusir. 2nd edition (revised and augmented by Dr Jaromir Malek, 1974).
  4. Miroslav Verner: Archaeological Remarks on the 4th and 5th Dynasty Chronology.
  5. Ancient Egyptian leader makes a surprise appearance at an archaeological dig in Israel July 9, 2013, sciencedaily.com
  6. Guinness Book of World Records 2012. 2011. стр. 194. ISBN 978-1-904994-68-8.
  7. Tyldesley, Joyce.
  8. Boughton, Paul "Menkaura's Anthropoid Coffin: A Case of Mistaken Identity?"

Надворешни врски

уреди