Карија (село)
За други значења на поимот, погл. Карија (појаснување).
Карија или Карја (грчки: Καρυά) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Карија Καρυά | |
---|---|
Координати: 40°37′N 22°33′E / 40.617° СГШ; 22.550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Надм. вис. | 4 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во атарот на поранешната општина Трикала, на еден километар од истоименото село, на надморска височина од 4 метри.[1]
Историја
уредиСелото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба, која не била обновена.[1]
Население
уредиПо податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карија (Karia) живееле 100 Грци.[2]
Населбата Карија била спомената со пописот од 1913 година со 34, а во 1920 година само со 16 жители.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.