Каору Митома
Каору Митома (роден на 20 мај 1997 година, во Канагава) — јапонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Брајтон и на јапонската репрезентација.
Каору Митома | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Каору Митома[1] | ||
Роден на | 20 мај 1997 | ||
Роден во | Канагава, Јапонија | ||
Држава | Јапонија | ||
Висина | м[2] | 1,78||
Позиција | среден ред, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Брајтон | ||
Број | 22 | ||
Младинска кариера | |||
2007–2015 | Кавасаки Фронтале | ||
2016–2019 | Цукуба Даигаку | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2019-2021 | Кавасаки Фронтале | 50 | (21) |
2021- | Брајтон | 9 | (1) |
2021-2022 | → Јунион Сен Жилоаз | 21 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2018-2021 | Јапонија 21 | 3 | (1) |
2021 | Јапонија 23 | 9 | (4) |
2021- | Јапонија | 13 | (5) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Биографија
уредиРоден е во спортско семејство, неговиот татко се посветил на атлетиката додека неговата мајка играла одбојка. Тој има и постар брат по име Јуки кој го инспирирал да се занимава со фудбал; сепак Каору, иако имал можност да стане професионален фудбалер откако завршил средно училиште, тој претпочитал да го одложи тоа за да се посвети на универзитетските студии, каде исто така играл фудбал во тимот на неговиот универзитет, Цукуба, истакнувајќи се по својот талент. Учествувајќи во Купот на императорот, тој постигнал два гола во победата од 3-2 против Вегалта Сендај, клуб од Ј1 лигата, првата дивизија на јапонскиот фудбал.[3] На унивезитетот се стекнал со диплома по моторни науки, а во 2022 година ја најавил својата венчавка со Наруми Миура.[4]
Технички одлики
уредиИгра и како десно крило и како лево крило, Митома е талентиран играч способен да трча многу, опремен со добар дриблинг и одлично чувство за асистенција, квалитети благодарение на кои е секогаш опасен во офанзивните акции на својот тим. Исто така, има прецизен шут и често знае да ја погодува мрежата благодарение на неговите пласирани "завртени" удари со многу ефе. Веќе по дебито бил наговестуван меѓу најсилните азиски фудбалери за 2020 година.[5]
Клупска кариера
уредиКавасаки Фронтале
уредиСвојата кариера како професионалец Митома ја започнал во Кавасаки Фронтале во 2019 година, а истата година одиграл само еден натпревар за клубот во ремито 2-2 против Нагоја Грампус во Купот на Џеј лигата, кој подоцна неговата екипа го освоила.
Следната сезона, тој учествувал во освојувањето на првенствената титула на својот тим за која придонел со 30 настапи и 13 гола, добивајќи го притоа и признанието за еден од најдобрите играчи на тимот: тој го постигнал својот прв гол во првенството во победата со 3-1 против Шонан Белмаре, а потоа постигнувал и по два гола во победите со 6-1 против Консадоле Сапоро и со 3-1 против Јокохама Маринос, исто така асистирал за победничкиот гол кој го постигнал Кенго Накамура во победата со 2-1 против ФК Токио што била 12-та последователна победа на тимот во лигата,[6] за потоа со уште две асистенции за Акихиро Иенага во победата со 5-0 против Гамба Осака да му помогне на својот тим да ја освои титулата на четири кола до крајот.[7]
Благодарение на неговиот гол, на 1 јануари 2021 година, Кавасаки Фронтале ја освоиле својата првата титула во Купот на Императорот, совладувајќи ја Гамба Осака во финалето со 1-0.[8] Следниот месец, против истиот противник, Митома постигнал два гола со кои го одвел Кавасаки до нова победа и до освојувањето на Суперкупот на Јапонија.[9]
Брајтон и Јунион Сен Жилоаз
уредиНа 10 август 2021 година, тој бил купен од Брајтон, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот од Премиер лигата.[10] Сепак, веднаш по потпишувањето, Брајтон го позајмил играчот на белгискиот клуб Јунион Сен Жилоаз.[11] Првиот гол за Сен Жилоаз го постигнал во Купот на Белгија во победата над Лебеке со 7-0.[12] Во првенството, тој успеал да постигне гол во победата со 3-1 над Андерлехт,[13] и во натпреварот против Серинг во кој влегол во второто полувреме, кога тимот заостанувал со два гола разлика, но Митома постигнал хет-трик за пресврт-победа од 4-2.[14] По завршувањето на сезоната во Белгија, Митома се вратил во Брајтон.
На 13 август 2022 година, Митома го направил своето деби во Премиер лигата за Брајтон, влегувајќи како замена за Леандро Тросар во 75-тата минута во ремито 0-0 против Њукасл Јунајтед на Стадионот Фалмер.[15]
Репрезентативна кариера
уредиДебитирал за јапонската репрезентација во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против Оман во Мускат, кој завршил со победа на Јапонија од 1-0.[16]
На 1 ноември, Митома бил избран во 26-члениот тим на Јапонија за Светското првенство 2022 во Катар.[17] Во последниот натпревар од групата против Шпанија на 1 декември, Митома му асистирал на Ао Танака за победничкиот гол во успехот со 2-1, со кој Јапонија се квалификувала за осминафиналето како победник во групата. Голот потоа наишол на контроверзии, бидејќи првично не бил признат поради излегување на топката надвор од теренот, пред ВАР да досуди дека голот е регуларен давајќи ја како објаснување причината дека искривувањето на топката виси над кредата.[18]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Јапонија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
16-11-2021 | Мускат | Оман | 0 – 1 | Јапонија | Квал. за СП 2022 | - | 46' | |
24-3-2022 | Сиднеј | Австралија | 0 – 2 | Јапонија | Квал. за СП 2022 | 2 | 84' | |
29-3-2022 | Саитама | Јапонија | 1 – 1 | Виетнам | Квал. за СП 2022 | - | ||
2-6-2022 | Сапоро | Јапонија | 4 – 1 | Парагвај | Пријателска | 1 | 82' | |
6-6-2022 | Токио | Јапонија | 0 – 1 | Бразил | Пријателска | - | 73' | |
10-6-2022 | Кобе | Јапонија | 4 – 1 | Гана | Пријателска | 1 | 80' | |
14-6-2022 | Суита | Јапонија | 0 – 3 | Тунис | Пријателска | - | 60' | |
23-9-2022 | Диселдорф | Јапонија | 2 – 0 | САД | Пријателска | 1 | 68' | |
27-9-2022 | Диселдорф | Јапонија | 0 – 0 | Еквадор | Пријателска | - | 66' | |
23-11-2022 | Ал Рајан | Германија | 1 – 2 | Јапонија | СП 2022 - Прва фаза | - | 57' | |
27-11-2022 | Ал Рајан | Јапонија | 0 – 1 | Костарика | СП 2022 - Прва фаза | - | 62' | |
1-12-2022 | Ал Рајан | Јапонија | 2 – 1 | Шпанија | СП 2022 - Прва фаза | - | 46' | |
5-12-2022 | Ал Вакра | Јапонија | 1 – 1 прод. (1 – 3 пен.) |
Хрватска | СП 2022 - Осминафинале | - | 64' | |
Вкупно | Настапи | 13 | Голови | 5 |
Статистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 6 декември 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2019 | Кавасаки Фронтале | Ј1 | 0 | 0 | КЏЛ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
2020 | Ј1 | 30 | 13 | КИ+КЏЛ | 2+5 | 2+3 | - | - | - | - | - | - | 37 | 18 | |
2021 | Ј1 | 20 | 8 | КИ+КЏЛ | 0+0 | 0+0 | АЛШ | 3 | 2 | СЈ | 1 | 2 | 24 | 12 | |
Вкупно Кавасаки Фронтале | 50 | 21 | 8 | 5 | 3 | 2 | 1 | 2 | 62 | 30 | |||||
2021-2022 | Јунион Сен Жилоаз | ПЛ | 21+6[19] | 5+2[19] | КБ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 29 | 8 |
2022-2023 | Брајтон | ПЛ | 9 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 11 | 2 |
Вкупно во кариерата | 86 | 29 | 12 | 7 | 3 | 2 | 1 | 2 | 102 | 40 |
Титули
уредиКавасаки Фронтале
уреди- Ј1 лига : 1
- 2020
- 2021
Наводи
уреди- ↑ „2022/23 Premier League squad lists“. Premier League. 16 September 2022. Посетено на 18 September 2022.
- ↑ „Kaoru Mitoma: Overview“. Premier League. Посетено на 11 August 2022.
- ↑ https://news.yahoo.co.jp/articles/45c1212632578ae18325d266ca52e4df58c5f050. Отсутно или празно
|title=
(help)[мртва врска] - ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2022-12-07. Посетено на 2022-12-10.
- ↑ „I migliori giocatori Asiatici del 2020“.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-12-10. Посетено на 2022-12-10.
- ↑ „Kawasaki Frontale goleia vice-líder e confirma título japonês com 4 rodadas de antecedência“.
- ↑ „Final Piala Kaisar Jepang 2020: Kalahkan Gamba Osaka, Kawasaki Frontale Juara“.
- ↑ https://www.republicworld.com/sports-news/football-news/kaw-vs-ykfm-dream11-prediction-team-news-top-picks-j-league-2021-match-preview.html. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Mitoma signs for Albion“ (англиски). Посетено на 2021-08-10.
- ↑ „Bienvenue Kaoru Mitoma !“ (француски). 2021-08-10. Архивирано од изворникот на 2021-08-10. Посетено на 2021-08-10.
- ↑ „Union SG wint met zware 7-0-cijfers van FC Lebbeke“.
- ↑ https://www.tokyo-sports.co.jp/soccer/world/4150589/. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Royale Union Saint-Gilloise Union SG - RFC Seraing: 4-2“. rusg.brussels. 16 October 2021. Архивирано од изворникот на 2022-09-28. Посетено на 16 October 2021.
- ↑ „Brighton and Hove Albion - Newcastle United: 0-0“. brightonandhovealbion.com. 13 August 2022. Посетено на 13 August 2022.
- ↑ „'Bring him back' - Brighton fans send transfer message after loanee stars on international duty - SussexLive“. SussexLive. 17 November 2021. Посетено на 22 November 2021.
- ↑ „Kaoru Mitoma set to realize World Cup dream after injury scare“. The Japan Times. 5 November 2022. Архивирано од изворникот на 2022-11-24. Посетено на 10 November 2022.
- ↑ „World Cup 2022: Japan 2-1 Spain: Japan and Spain both through on dramatic night“. BBC Sport. 1 December 2022. Посетено на 1 December 2022.
- ↑ 19,0 19,1 Плејоф
Надворешни врски
уреди„Каору Митома“ на Ризницата ? |