Голем тетреб
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Голем тетреб | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Phasianidae |
Потсемејство: | Tetraoninae |
Род: | Tetrao |
Вид: | Голем тетреб |
Научен назив | |
Tetrao urogallus Linnaeus, 1758 |
Голем тетреб (Tetrao urogallus) е вид птица од семејството тетреби. Ја има во Македонија.
Распостранетост
уредиНајчесто се среќаваат во Средна Азија, и во северните делови на Европа, особено во пошумените региони на Норвешка, Шведска, Финска, Русија и Романија.
Опис
уредиМажјаците многу лесно можеме да ги разликуваме од женките, поради нивната големина и боја. Должината на тетребите изнесува 74–85 см, распонот на крилјата им е 90–125 см. а тежат околу 4.1 кг. Пердувите на телото им се темносиви-темнокафени, а кај градите им се светликаво зелени. Во зависност од расата, пердувите кај опашот и стомакот се бели или црни. Женките се дури околу двапати помали од мажјаците, долги се 54-64 см, а распонот на крилјата им е 70 см. Пердувите на горниот дел им се кафени со црно и сиво, а на долниот дел имаат и светло-жолта нијанса. Двата пола имаат пердуви на нозете, особено во зима за заштита од студ.
Исхрана и живеалиште
уредиСе хранат со лисја, треви, плодови, инсекти. Нивните живеалишта се старите густи шуми, каде што продира само толку сонце колку што им е потребно.
Размножување
уредиСезоната на размножување започнува во периодот помеѓу Март и Април, и отприлика трае до Мај-Јуни. Три дена по парењето, женката почнува да ги лежи јајцата. Женката несе осум јајца, некогаш и дванаесет, а ретко кога несе четири-пет. Според времето и надморската висина, одгледувањето трае 26-28 дена. По големина, јајцата им се исти како на кокошките, но имаат и попрскано-кафена боја.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Tetrao urogallus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
Надворешни врски
уреди„Голем тетреб“ на Ризницата ? |
- Capercaillie mating game Архивирано на 3 мај 2016 г. on the Internet Bird Collection
- A to Z of UK Birds
- Aigas Field Centre Capercaillie Ecology and breeding programme pages Архивирано на 24 февруари 2007 г.
- Western Capercaillie Архивирано на 26 мај 2013 г.—pictures in nature photographer Janne Heimonen's photo gallery