Канадски Арктички Архипелаг
Канадски Арктички Архипелаг (англиски: Canadian Arctic Archipelago, француски: Archipel arctique canadien) или само Арктички Архипелаг — островска група која лежи на север од копнена Канада.
Карта на Канадскиот Арктички Архипелаг во поларна проекција | |
Географија | |
---|---|
Место | Северна Канада |
Координати | 75°N 90°W / 75° СГШ; 90° ЗГД |
Вкупно острови | 36.563 |
Поголеми острови | Бафинова Земја, Викторија, Елсмир |
Површина | 1.424.500 км2 |
Држава | |
Територии | Нунавут Северозападни Територии |
Најголема населба | Икалуит, Нунавут (pop. 6.184) |
Демографија | |
Население | 14.000 |
Густина | 0,01 /km2 (3 /sq mi) |
Архипелагот е сместен во крајниот северен дел на Северна Америка и зафаќа околу 1.424.500 км2. Се состои од 36.563 острови во Северноледениот Океан и сочинува најголем дел од територијата на Северна Канада — речиси цел Нунавут и дел од Северозападните Територии.[1] Канадскиот Арктички Архипелаг почнува да трпи извесни последици од глобалното затоплување,[2][3] при што некои проценки целат дека стопениот мраз од островите ќе го покачат морското ниво за 3,5 см до 2100 г.[4]
Историја
уредиБританија полагала право на островите поради откритијата на морепловецот Мартин Фробишер во 1570-тите. Канада првично (1870–80) имала суверено право само на оние делови од островите што чии водотеци се сливаат во подводната Фоксова Котлина, Хадсоновиот Залив и Хадсоновиот Проток. ВО 1880 г. Британија ги предала сите острови во канадска сопственост.[5]. Канада вели дека сите водни патишта по Северозападниот Премин се канадско владение, но САД и највеќето поморски земји ги сметаат за меѓународни води. Спорот со премините во Канада неглегува во полето на екологијата и државната безбедност, како и општата сувереност на земјата. Хансовиот Остров во Нерсовиот Проток источно од островот Елсмир се предмет на територијален спор меѓу Канада и Данска.
Географија
уредиАрхипелагот се протега 2.400 км надолжно и 1.900 км од канадското копно до ’ртот Колумбија, најсеверната точка на островот Елсмир. На запад се граничи со Бофортовото Море, на северозапад со Северноледениот Океан, на исток со Гренланд, Бафиновиот Залив и Дејвисовиот Проток; јужно од островите се наоѓаат Хадсоновиот Залив и континентална Канада. Разните острови се поделени едни од други со овие премини со збирен незив Северозападниот Премин. Како северно продолжение на континенталната канадска територија се јавуваат два големи полуострова — Бутија и Мелвил.
Архипелагот опфаќа вкупно 36.563 острови, од кои 94 важат за поголеми (преку 130 км2), и заземаат вкупна површина од 1.400.000 км2.[6] Следат најголемите острови, со површина од барем 10.000 км2:
Име | Територија* | Површина | Место по површина | Население (2001) | |
---|---|---|---|---|---|
Свет | Канада | ||||
Бафинова Земја | НУ | 507.451 | 5 | 1 | 9.563 |
Викторија | СЗ, НУ | 217.291 | 8 | 2 | 1.707 |
Елсмир | НУ | 196.236 | 10 | 3 | 168 |
Бенкс | СЗ | 70.028 | 24 | 5 | 114 |
Девон | НУ | 55.247 | 27 | 6 | 0 |
Аксел Хајберг | НУ | 43.178 | 32 | 7 | 0 |
Мелвил | СЗ, НУ | 42.149 | 33 | 8 | 0 |
Саутхемптон | НУ | 41.214 | 34 | 9 | 718 |
Принц од Велс | НУ | 33.339 | 40 | 10 | 0 |
Сомерсет | НУ | 24.786 | 46 | 12 | 0 |
Батхерст | НУ | 16.042 | 54 | 13 | 0 |
Принц Патрик | СЗ | 15.848 | 55 | 14 | 0 |
Крал Вилијам | НУ | 13.111 | 61 | 15 | 1.279 |
Елеф Рингнес | НУ | 11.295 | 69 | 16 | 0 |
Бајлот | НУ | 11.067 | 72 | 17 | 0 |
* СТ = Северозападни Територии, НУ = Нунавут
По Гренланд, архиеплагот е најголеата поларна област во светот. Климата е арктичка, а теренот е тундра, со исклучок на планинските подрачја. Највеќето острови се ненаселени; населените се наоѓаат на југот и имаат мошне мали и крајно раштркани инуитски населби по крајбрежјата.
Список и карта
уредиОстрови вон картата
На карта
уреди- ^карта 1 Крал Кристијан, 77°45′N 102°00′W / 77.750° СГШ; 102.000° ЗГД
- ^карта 2 Борден, 78°33′N 111°10′W / 78.550° СГШ; 111.167° ЗГД
- ^карта 3 Лохид, 77°24′N 105°15′W / 77.400° СГШ; 105.250° ЗГД
- ^карта 4 Брок, 77°51′N 114°27′W / 77.850° СГШ; 114.450° ЗГД
- ^карта 5 Мекензи Кинг, 77°43′N 111°57′W / 77.717° СГШ; 111.950° ЗГД
- ^карта 6 Хелена, 76°40′N 101°00′W / 76.667° СГШ; 101.000° ЗГД
- ^карта 7 Камерон, 77°48′N 101°51′W / 77.800° СГШ; 101.850° ЗГД
- ^карта 8 Емералд, 76°48′N 114°07′W / 76.800° СГШ; 114.117° ЗГД
- ^карта 9 Принц Патрик, 76°45′N 119°30′W / 76.750° СГШ; 119.500° ЗГД
- ^карта 10 Ваније, 76°10′N 103°15′W / 76.167° СГШ; 103.250° ЗГД
- ^карта 11 Еглинтон, 75°46′N 118°27′W / 75.767° СГШ; 118.450° ЗГД
- ^карта 12 Александар, 75°52′N 102°37′W / 75.867° СГШ; 102.617° ЗГД
- ^карта 13 Батхерст, 75°46′N 099°47′W / 75.767° СГШ; 99.783° ЗГД
- ^карта 14 Мелвил, 75°30′N 111°30′W / 75.500° СГШ; 111.500° ЗГД
- ^карта 15 Бајам Мартин, 75°12′N 104°17′W / 75.200° СГШ; 104.283° ЗГД
- ^карта 16 Бенкс, 73°00′N 121°30′W / 73.000° СГШ; 121.500° ЗГД
- ^карта 17 Стефансон, 73°30′N 105°30′W / 73.500° СГШ; 105.500° ЗГД
- ^карта 18 Расел, 74°00′N 098°25′W / 74.000° СГШ; 98.417° ЗГД
- ^карта 19 Принц од Велс, 72°36′N 098°32′W / 72.600° СГШ; 98.533° ЗГД
- ^карта 20 Прескот, 73°03′N 096°49′W / 73.050° СГШ; 96.817° ЗГД
- ^карта 21 Сомерсет, 73°15′N 093°30′W / 73.250° СГШ; 93.500° ЗГД
- ^карта 22 Викторија, 71°00′N 110°00′W / 71.000° СГШ; 110.000° ЗГД
- ^карта 23 Крал Вилијам, 68°58′N 097°14′W / 68.967° СГШ; 97.233° ЗГД
- ^карта 24 Мети, 69°28′N 095°40′W / 69.467° СГШ; 95.667° ЗГД
- ^карта 25 Велс, 68°01′N 086°40′W / 68.017° СГШ; 86.667° ЗГД
- ^карта 26 Белчер, 56°20′N 079°30′W / 56.333° СГШ; 79.500° ЗГД
- ^карта 27 Лонг, 54°52′N 079°25′W / 54.867° СГШ; 79.417° ЗГД
- ^карта 28 Акимиски, 53°00′N 081°20′W / 53.000° СГШ; 81.333° ЗГД
- ^карта 29 Чарлтон, 52°00′N 079°26′W / 52.000° СГШ; 79.433° ЗГД
- ^карта 30 Елсмир, 79°49′N 078°00′W / 79.817° СГШ; 78.000° ЗГД
- ^карта 31 Миен, 79°59′N 099°30′W / 79.983° СГШ; 99.500° ЗГД
- ^карта 32 Аксел Хајберг, 79°26′N 090°46′W / 79.433° СГШ; 90.767° ЗГД
- ^карта 33 Елеф Рингнес, 78°37′N 101°56′W / 78.617° СГШ; 101.933° ЗГД
- ^карта 34 Амунд Рингнес, 78°19′N 096°25′W / 78.317° СГШ; 96.417° ЗГД
- ^карта 35 Корнвол, 77°37′N 094°52′W / 77.617° СГШ; 94.867° ЗГД
- ^карта 36 Греам, 77°26′N 090°30′W / 77.433° СГШ; 90.500° ЗГД
- ^карта 37 Северен Кент, 76°40′N 090°15′W / 76.667° СГШ; 90.250° ЗГД
- ^карта 38 Бејли-Хамилтон, 75°53′N 094°35′W / 75.883° СГШ; 94.583° ЗГД
- ^карта 39 Мал Корнволис, 75°30′N 096°30′W / 75.500° СГШ; 96.500° ЗГД
- ^карта 40 Корнволис, 75°05′N 095°00′W / 75.083° СГШ; 95.000° ЗГД
- ^карта 41 Девон, 75°15′N 088°00′W / 75.250° СГШ; 88.000° ЗГД
- ^карта 42 Бајлот, 73°13′N 078°34′W / 73.217° СГШ; 78.567° ЗГД
- ^карта 43 Бафинова Земја, 69°00′N 072°00′W / 69.000° СГШ; 72.000° ЗГД
- ^карта 44 Јенс Мунк, 69°40′N 079°40′W / 69.667° СГШ; 79.667° ЗГД
- ^карта 45 Кох, 69°35′N 078°20′W / 69.583° СГШ; 78.333° ЗГД
- ^карта 46 Бреј, 69°20′N 077°00′W / 69.333° СГШ; 77.000° ЗГД
- ^карта 47 Роули, 69°05′N 078°52′W / 69.083° СГШ; 78.867° ЗГД
- ^карта 48 Фоли, 68°30′N 075°00′W / 68.500° СГШ; 75.000° ЗГД
- ^карта 49 Ер Форс, 67°58′N 074°05′W / 67.967° СГШ; 74.083° ЗГД
- ^карта 50 Принц Чарлс, 67°45′N 076°00′W / 67.750° СГШ; 76.000° ЗГД
- ^карта 51 Ванситарт, 65°50′N 084°00′W / 65.833° СГШ; 84.000° ЗГД
- ^карта 52 Вајт, 65°46′N 084°53′W / 65.767° СГШ; 84.883° ЗГД
- ^карта 53 Саутхептон, 64°30′N 084°30′W / 64.500° СГШ; 84.500° ЗГД
- ^карта 54 Резолушн, 61°35′N 065°00′W / 61.583° СГШ; 65.000° ЗГД
- ^карта 55 Локова Земја, 62°26′N 064°38′W / 62.433° СГШ; 64.633° ЗГД
- ^карта 56 Акпаток, 60°25′N 068°08′W / 60.417° СГШ; 68.133° ЗГД
- ^карта 57 Биг, 62°43′N 070°43′W / 62.717° СГШ; 70.717° ЗГД
- ^карта 58 Солсбери, 63°35′N 077°00′W / 63.583° СГШ; 77.000° ЗГД
- ^карта 59 Нотингем, 63°17′N 077°55′W / 63.283° СГШ; 77.917° ЗГД
- ^карта 60 Мансел, 62°00′N 079°50′W / 62.000° СГШ; 79.833° ЗГД
- ^карта 61 Коутс, 62°35′N 082°45′W / 62.583° СГШ; 82.750° ЗГД
- ^карта 62 Бичи, 74°43′N 091°51′W / 74.717° СГШ; 91.850° ЗГД
- ^карта 63 Војвода од Јорк, 68°15′N 112°30′W / 68.250° СГШ; 112.500° ЗГД
- ^карта 64 Гејтсхед, 70°35′N 100°25′W / 70.583° СГШ; 100.417° ЗГД
- ^карта 65 Хејг-Томас, 78°15′N 094°30′W / 78.250° СГШ; 94.500° ЗГД
- ^карта 66 Хансов Остров, 80°49′N 066°27′W / 80.817° СГШ; 66.450° ЗГД
- ^карта 67 Килиник, 60°22′N 064°37′W / 60.367° СГШ; 64.617° ЗГД
- ^карта 68 Џени Линд, 68°43′N 101°58′W / 68.717° СГШ; 101.967° ЗГД
- ^карта 69 Отава, 59°34′N 080°16′W / 59.567° СГШ; 80.267° ЗГД
- ^карта 70 Принц Леополд, 74°01′N 090°04′W / 74.017° СГШ; 90.067° ЗГД
- ^карта 71 Скрелинг, 78°55′N 075°40′W / 78.917° СГШ; 75.667° ЗГД
- ^карта 72 Тродли, 52°14′N 079°26′W / 52.233° СГШ; 79.433° ЗГД
- ^карта 73 Вестон, 52°32′N 079°35′W / 52.533° СГШ; 79.583° ЗГД
Поврзано
уреди- Северозападен Премин
- Кралица Елизабета — група најсеверни острови во архипелагот
- Список на острови во Канада
Наводи
уреди„Канадски Арктички Архипелаг“ на Ризницата ? |
- ↑ Marsh, James H., ed. 1988. "Arctic Archipelago Архивирано на 9 октомври 2011 г." The Canadian Encyclopedia. Toronto: Hurtig Publishers.
- ↑ Thinning of the Arctic Sea-Ice Cover
- ↑ Arctic sea ice decline: Faster than forecast
- ↑ Wayman, Erin. „Canada's ice shrinking rapidly“. Science News.
- ↑ „Canada“. World Statesmen. Посетено на 30 June 2016.
- ↑ „Arctic Archipelago“. Архивирано од изворникот на 2011-10-09. Посетено на 2016-09-20.