Кале (Трпејца)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кале“
| |
Местоположба | 40°57′34″N 20°46′46″E / 40.95944° СГШ; 20.77944° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Трпејца |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште кај охридското село Трпејца. Претставува населба од доцната антика.
На југозападната страна од селото се наоѓа гребен со зарамнета површина, кој на запад стрмно се спушта кон Охридското Езеро. Овде, според кажувањата на жителите, при обработувањето на земјата биле откриени разни предмети (накит) од сребро и бронза. Мештанинот Геле Трајкоски пронашол неколку сребрени и бронзени монети. Денес на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано
уреди- Глајшо - Селиште — средновековна населба
- Градиште - Осој — средновековна тврдина
- Заум — осамени наоди од старохристијанско време и средновековна населба
- Црна Пеш - Крстон Заб — населба од неолитско време
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 278-279. ISBN 9989-649-28-6.